1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Лавров: Западот си игра детски игри

ЖА / агенции
2 април 2018

Односите на Москва кон Западот поради случајот со екс-двојниот агент Скрипал, од аспект на рускиот министер, се на одамна невидено ниско ниво

https://p.dw.com/p/2vMyA
Russland Sergei Lawrow ARCHIV
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Makovec

Рускиот министер за надворешни работи, по случајот со труењето на екс-двојниот агент Скрипал, ги оценува односите со западните земји за влошени како што одамна не биле. „Првенствено Велика Британија, САД и бројни држави кои ги поддржаа, загубија секаква пристојност. Тие се служат со отворени лаги и дезинформации. Во времето на Студената војна барем постоеше придржување кон одредени правила“, изјави Сергеј Лавров денеска во Москва. Тој навести дека нападот врз Скрипал можно е да бил во интерес на самата Велика Британија. 

Повеќе: 

Русија контра Западот: Санкциите не се решение

Русија го возвраќа ударот

Дипломатската катастрофа на Владимир Путин

Причина за заострената меѓународна криза е нападот со нервен гас врз двојниот поранешен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солсбери, во Велика Британија, за што британската влада ја обвинува Москва. Солидаризирајќи се со Лондон, САД и бројни земји од ЕУ, меѓу кои и Германија, но и надвор од неа, како Македонија, протераа вкупно околу 140 руски дипломати. Москва реагираше со реципрочна мерка и исто така им откажа гостопримство на десетици дипломати од овие земји. Дали Русија ќе преземе и други дополнителни санкции против Запад, останува отворена опција, истакна Лавров: „Во колкава мера ќе одговориме, не зависи од нас. Ние не ги сакаме овие детски игри“, рече Лавров, но Западот инсистира токму на ова средство за притисок. Со протерувањето на дипломати единствено се елиминира или намали можноста за решавање на конфликтот на дипломатско рамниште, истакна Лавров. Тој се надева на скорешно подобрување на состојбата на Скрипал. Москва сѐ уште нема никаков контакт со Јулија Скрипал, која е руска државјанка, што го револтира рускиот министер: „Иритирачки е што сите наши напори и барања останаа безуспешни и ние не добивме пристап до неа“.