1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел е за брза согласност со Франција околу проширувањето

ЕМФ | агенции
21 ноември 2019

Германската канцеларка Ангела Меркел се залага за наоѓање брза согласност со Франција во дебатата околу реформата на процесот на пристапување кон ЕУ.

https://p.dw.com/p/3TRY4
Kroatien | Angela Merkel zu Besuch in Zagreb
Фотографија: picture-alliance/dpa/AA/S. Majic

Германската канцеларка Ангела Меркел на средбата на Европската народна партија (ЕПП) во Загреб имаше средба со домаќинот, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, по која на заедничка прес-конференција зборуваа за проширувањето на ЕУ и барањата на Франција за реформа на процесот на пристапување.

Притоа, Меркел потенцираше дека не смее да се отстапи од ветувањата кон земјите од Западен Балкан:

„Сега мора да разговараме со Франција и тоа ќе го правиме многу интензивно околу тоа кои елементи во процесот на пристапување треба да се подобрат, да се променат. Ние сме подготвени за разговори, иако и сега има многу флексибилности. Сакаме да постигнеме согласност најбрзо што е можно за да постигнеме напредок во конкретни случаи. Но и натаму мора да постои реална перспектива на пристапување за земјите од Западен Балкан. Не смееме да отстапиме од она што сме го ветиле, па да се создаде впечаток како да не сакаме веќе да им даваме европска перспектива. Тоа не би било добро“, рече Меркел.

Повеќе:

Крастев: Франција до март ќе го отвори проширувањето на ЕУ

Радикалната агенда на Макрон за проширувањето на ЕУ и Русија

НАТО, евро, Балкан - чкрипи меѓу Макрон и Меркел

Пленковиќ додаде дека на прашањето на реформите ќе се работи со заеднички сили:

„Ќе работиме заеднички и ќе ги поттикнуваме и Албанија и Северна Македонија на дополнителни реформи, а со партнерите во ЕУ ќе се обидеме да најдеме решенија кои ќе овозможат отворање преговори и евентуална модификација на методологијата (на процесот на пристапување ,н.з.)“, рече хрватскиот премиер, чија земја од јануари го презема претседавањето со ЕУ.