Нов напад со нож врз минувачи во германски град
28 јуни 2021Непознат сторител во источногерманскиот град Ерфурт утрината со нож нападнал двајца минувачи, а полицијата сѐ уште трага по сторителот.
Според наводите на полицијата, во моментов по сторителот се трага со полициски хеликоптери. Тежината на повредите кој ја претрпеле минувачите, на возраст од 45 и 68 години, не е позната, како ни мотивот за нападот.
Полицијата објави дека трага по сторителот кој е на возраст „меѓу 20 и 30 години, и има светла до црвенкаста кадрава коса“.
Во петокот во јужногерманскиот град Вирцбург еден Сомалиец усмрти три и повреди 6 лица. За овој напад постојат сомнежи дека е исламистички мотивиран.
Повеќе:
-Цела Германија тагува по нападот во Вирцбург
-Тројца убиени во напад со нож во Вирцбург
Сепак на прашањето дали осомничениот, освен како ментално болен, може да биде квалификуван и како терорист, сѐ уште не може да се даде дефинитивен одговор, изјави утрината министерот за внатрешни работи на германската покраина Баварија Јоахим Херман. Истрагата сѐ уште е во тек.
Истрагата фокусирана на мобилните телефони
Министерот додаде дека сè уште е нејасно дали типичните исламистички извици од страна на сторителот за време на злосторството се „релевантни“. „Денеска не можеме да дадеме конечна пресуда за ова“, рече Херман.
Според Херман, анализата на два мобилни телефони кои биле одземени од засолништето за бездомници на 24-годишниот Сомалиец се од централно значење за реконструкција на злосторството. Тие во моментов се порверуваат од страна на истражителите.