1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

„Нуклеарни закани“ на Твитер по лажна вест

СН/ агенции
26 декември 2016

Ништо од тоа не беше вистина. Сепак измислениот цитат на поранешен изреалски министер за одбрана го разлути неговиот актуелен колега во Исламабад, по што следуваше нуклеарно мафтање со сабји.

https://p.dw.com/p/2Usrc
Pakistan - Atomraketentest
Фотографија: picture-alliance/dpa

Лажна вест дека поранешниот израелски министер Моше Јалон му се заканил на Пакистан со нуклеарен напад предизвика конфликт на Твитер меѓу двете земји.

Сајтот „АВД њуз“, објави вест оти поранешниот министер за одбрана на Израел се заканил дека со нуклеарно оружје ќе го нападне Пакистан ако испрати свои сили во Сирија.

Пакистанскиот министер за одбрана Хаваџа Мухамед Асиф, веднаш реагираше со порака на Твитер: „Израел заборава дека Пакистан истотака е нуклеарна сила“.

Малку подоцна израелското Министерство за одбрана напиша на Твитер соопштување оти веста од сајтот „АВД њуз“ е „целосно измислена“. Потврдено е оти е во прашање сајт кој објавува лажни вести. Пакистанската влада, имено пропуштила да го провери изворот на цитатот. Министерот наседнал на документ кој очигледно бил објавен за манипулативни цели и немал никаква основа во реалноста. Провоцирачката реченица Јалон никогаш не ја изјавил.

Symbolbild Twitter
Фотографија: picture-alliance/ZUMA Press/A. Durgut

Но наместо да издаде извинување, министерството за одбрана во Исламабад само лаконски соопшти: „Министерот одговори на лажна информација- не се потребни натамошни реакции“ . Посебно пикантно притоа е фактот дека Пакистан не го признава Израел како држава и две земји немаат дипломатски односи.

Кога американскиот весник „Њујорк Тајмс“ ја објави оваа мини-афера, Асиф преку Твитер направи чекор назад: „Нашата нуклеарна програма служи само за застрашување и за заштита на нашата слобода. Ние сакаме да коегзистираме во мир во регионот и во светот“

Се проценува дека Израел е единствена земја која поседува нуклеарно оружје на Блискиот исток иако тоа израелските власти не го признаваат официјално. Пакистан има нуклеарно оружје од 1998. година.