1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рио 2016: Тотален хаос

Јоша Вебер/ превод:СН10 август 2016

Недоверба владее во Олимпискиот базен во Рио. Публиката исвиркува пливачи, некои спортисти одбиваат да се ракуваат со други. Вината за тоа лежи во цик-цак курсот во борбата против допингот, смета Јоша Вебер.

https://p.dw.com/p/1Jf9r
Фотографија: Getty Images/R. Heathcote

На подиумот владе студена војна. Американките Лили Кинг и Кејти Мајли на пресконференцијата седат покрај нивната руска колешка Јулија Јефимова и не ја удостојуваат ни со поглед. Нема ниту меѓусебно честитање, разговор и вообичаеното ракување за честитање на успехот. Ледено доба во внатрешноста на Олимпискиот базен.

„Сметам дека спортистите кои се откриени во допинг, не смеат повторно да настапуваат, Но почитувам дека моето мислење не игра никаква улога“, вели Лили Кинг и на сите во просторијата им е јасно, кон кого е насочена оваа „боцка“: Јулија Јефимова. Тоа во нејзината сѐ уште кратка кариера веќе еднаш доби 16-месечна забрана поради допинг (стероиди) а на почетокот на годината повторно имаше позитивен тест (мелдониум). Светската пливачки сојуз (ФИНА) и одреди казна, Меѓународниот олимписки комитет (МОК) потоа сакаше да ја исклучи од Игрите во Рио, но Меѓународниот спортски суд (КАС) ја прогласи за неважечка одлуката на МОК со која сите руски спортисти кандидати за настап во Рио, кои некогаш направиле допинг престап, требаа да бидат исклучени од Игрите. Тотален хаос.

Отров за олимписката атмосфера

Спортот се заглави во сопствената шума од правилници и изгледа дека никој во моментов не знае каде е излезот. И сето тоа за време на светскиот фестивал на спортот- срамота. Целата таа беспомошност на само така нареченото „Олимписко семејство“ во моментов се манифестира во Олимпискиот базен во Рио. Јулија Јефимова пред нејзините настапи е исвиркувана од публиката. Таа на крајот сепак освои сребрен медал на 100 метри градно но и покрај тоа е тажна. Плачешкум протрча низ ходниците кон кабините и најнапред се сокри во својата кабина. По церемонијата на доделување на медалите, таа мораше на обврзувачката пресконференција. „Беше многу тешко да се плива денеска“, изјави Јефимова повторно борејќи се со солзите. „ Голема штета е кога политиката го уништува спортот. Можеби некои сили се обидуваат да ѝ наштетат на Русија и за таа цел го злоупотребуваат спортот“.

Се рарзбира дека тоа се теории на заговор. Државниот допинг систем во Русија е задоволувачки документиран. Но случајот на Јефинова впрочем и покажува во каква ситуација спортските политичари го доведоа спортот и спортистите. И тоа е отров за расположението на овие Игри. Така австралискиот олимписки победник Мак Хортон целејќи на Кинезот Сун Јунг демонстративно изјави дека „нема време за допинг-измамници“. Јанг штотуку го освои олимпиското злато на 200 метри слободен стил и истотака беше исвиркан од публиката. Причината: во 2014 година кај него беше најдено забрането стимулативно средство, и тој доби смешна забрана од три месеци- и тоа во период без натпреварувања.

Weber Joscha Kommentarbild App
Јоша Вебер

Време е за стандардизиран правилник

Ваквите чудни одлуки се оние кои долгорочно му наштетија на спортот. Меѓународниот олимписки комитет и светските спортски сојузи, па дури и некои анти-допинг агенции досега дејствуваа произволно, и си ја префрлуваа меѓусебе одговорноста, создавајќи така клима на недоверба. Германскиот пливач Паул Бидерман извлече поента: „ Не е спортистот оној кој сноси вина за тоа, туку системот“. Тој е во право. Глобалната борба против допингот во моментов наликува на лотарија. Никој не може да каже, што ќе произлезе на крајот. На Олимпијадата во Рио смееја да стартуваат речиси сите Руси, на параолимписките игри од другастрана ниту еден единствен. Крајно време е за единствен правилник, за консекветно решително дејствување и пред сѐ за една навистина независна инстанца, која ќе казнува за допинг престапи во сите спортови.