1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Русија го запре транзитот на нафта од Казахстан кон Запад

ЖА /РТР
6 јули 2022

Суд во јужна Русија нареди 30-дневен престанок на работата на терминал во Црно Море, преку кој се одвива извозот на нафта од Казахстан кон Запад, со проѕирни образложенија.

https://p.dw.com/p/4Diyb
Erdölraffinerie in Kasachstan
Фотографија: AP

Одлуката на рускиот суд за прекин на работата на терминалот е донесена поради предизвикување можни еколошки штети, јави синоќа новинската  агенција Интерфакс.

Инаку, во последно време меѓу Русија и соседната централноазиска поранешна советска република Казахстан  постојат несогласувања  во поглед на војната во Украина.

Фирмата која управува со нафтоводот, Касписки нафтоводен конзорциум соопшти дека е „принудена на спроведување на судската одлука“, но ќе ја обжали. Според официјални наводи, документацијата за отстранување на евентуални хаварии со нафтата во итен случај е некомплетна. Првично, руските власти на фирмата ѝ одредиле рок за отстранување на недостатоците во документацијата до 30 ноември, но во судска постапка, регионалното надзорно тело за транспорт вчера неочекувано побарало и издејствувало затворање на терминалот.

Дали спасот е во Казахстан?

Преку терминалот во јужниот руски пристанишен град Новоросијск поминуваат преку 80 проценти од нафтата која ја извезува Казахстан-зашто Казахстан нема сопствен пристап кон морето. Капацитетот на протокот на нафта изнесува 67 милиони тони годишно.

Претседателот на  Казахстан Касим-Шомарт Токајев неодамна ѝ понуди на ЕУ лиферување зголемени количества на нафта и гас кон Европа, заради задржување на енергетската безбедност на континентот и покрај војната во Украина и со неа поврзаните санкции против Русија. Казахстан не ја признава независноста на сепаратистичките републики во источниот дел од Украина, протежирани од страна на Русија.