1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поради кризата забавен економски раст во Северна Македонија

ДТЗ
4 мај 2022

Енергетскиот сектор, земјоделството и автомобилската индустрија ќе бидат најпогодени. Ако се пролонгира војната во Украина, ќе се намали надворешната побарувачка, а ќе се зголемат цените на клучните стоки и енергијата

https://p.dw.com/p/4AoSy
Das Hauptquartier der Weltbank in Washington DC
Фотографија: DW/R. Wenkel

Ефектите од долготрајната пандемија, војната која што ја започна Русија и санкциите поради Украина ќе се одразат негативно и на македонската економијаСветска банка (СБ)во 2022 година очекува економнскиот раст на Северна Македонија да забави до 2,7 проценти при што реалниот БДП до средината на годинава ќе го достигне нивото од пред пандемијата.

Во полугодишен економски извештај за државите од Западен Балкан се наведува дека се очекува акутната фаза на кризата ќе се ублажи во вториот квартал од 2022 година, дури и ако ефектите од санкциите заради војната во Украина продолжат и во текот на 2022, но и 2023 година. Енергетскиот сектор, земјоделството и автомобилската индустрија ќе бидат попогодени од останатите сектори. Доколку се пролонгира војната во Украина дополнително ќе се намали надворешната побарувачка, ќе се зголемат цените на клучните стоки и енергијата, ќе се попречи мобилноста и ќе се одложат инвестициите.

Според Светската банка, ова сценарио би довело до уште помал раст и фискални приходи, како и зголемени барања за фискална поддршка и пораст на трошоците за финансирање. Очекувањата се фискалниот дефицит во земјава да остане на високо ниво и во 2022 година согласно континуираната поддршка на фирмите и домаќинствата за ублажување на влијанието од енергетската криза и кризата поврзана со Украина. 

Перспективите на земјата 

Нарушувањата поврзани со долготрајниот пандемиски шок, војната во Украина, продолжените прекини во синџирот на снабдување, зголемените притисоци на минималната плата кои ги зголемуваат другите инфлаторни притисоци, политичката ситуација и енергетска криза продолжуваат да натежнуваат на перспективите на земјата.

„Зголемената политичка несигурност и одложените преговори за пристапување во ЕУ, во услови на енергетска и здравствена криза може да доведат до послаб апетит за реформи потребни за зајакнување на потенцијалниот раст и консолидирање на јавните финансии“, оценува Светска банка. Заострувањето на глобалните финансиски услови, според извештајот, може да влијаат на опциите и трошоците за финансирање на Северна Македонија во блиска иднина.  Како позитивен се оценува Планот за забрзување на растот кој го таргетира  развојот на човечкиот капитал, зелената транзиција и дигитализацијата  што може да го поттикне потенцијалниот раст.

-повеќе на темата: Кредитот од ММФ ќе ја одржува во живот македонската економија

Светска банка препорачува на среден рок да се зајакне одржливоста на јавните финансии и да се насочи фокусот кон  решавање на структурни  предизвици, вклучувајќи ги нискиот и опаѓачки човечки капитал, слабата регулаторна рамка, политиката за конкуренција, судството, ниската продуктивност и зголемената миграција. Владата ќе треба да ја преиспита  и рационализира државната помош за да ги реши  проблемите на фискалната одржливост и да обезбеди понасочена поддршка за домашната економија. Светска банка смета дека напорите за структурни реформи треба да се усогласат со зелената агенда и да овозможат транзиција кон ниско ниво на емисии на јаглерод и намалени емисии на стакленички гасови.