1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Систематски допинг имало, но Путин не знаел ништо

СН /дпа,афп,ртр
28 декември 2016

За првпат руски официјален претставник призна постоење на допинг систем во кој се вмешани десетици руски спортисти, со влијание врз некои од најголемите спортски натпреварувања.

https://p.dw.com/p/2UxGL
Russland National Anti Doping Agency RUSADA
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Zemlianichenko

Во интервју за американскиот весник „Њујорк Тајмс“ Ана Анцелиович говореше за „институционален заговор“ за време на Зимските Олимписки Игри во Сочи. Претседателот Владимир Путин според неа, не знаел ништо за тоа. Анцелиович, вршителка на должноста генерален директор на руската агенција за борба против допингот (РУСАДА), е прв официјален претставник на Русија кој го признава постоењето на програма за систематски допинг, но негира дека ја спонзорирала државата.

Во текстот за „еден од најголемите заговори во историјата на спортот“, „Њујорк тајмс“ пишува дека во извештајот на Светската антидопинг ангенција од 9. декември се наведува оти над 1.000 Руси учествувале во програмата од 2011. до 2015. година.

„Тоа беше институционален заговор“, изјави в.д. шефицата на РУСАДА ,  Анцелиович, но додаде дека највисоките владини претставници не биле вмешани.

Russland Doping
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/L. Jin-man

Витали Смирнов, кој  е висок спортски функционер уште од времето на Советскиот Сојуз и кого претседателот Владимир Путин го одреди да го реформира антидопинг системот, изјави за „Њујорк тајмс“ оти се „направени многу грешки“.

„Њујорк Тајмс“ наведува дека директорот на лабораторијата им давал на спортистите коктели од лекови за постигнување подобри резултати, оти припадниците на Федералната безбедносна служба ги менувале примероците урина, а дека заменикот министер за спорт со години наредувал да се задскрива користењето на нелегални супстанци во спортот.

Руските официјални лица упорно го негираа постоењето на допинг програмата, и покрај признавањето на поранешниот директор на антидопинг лабораторијата, Григори Родченков, во минатиот мај.

Welt Anti Doping Agentur
Фотографија: picture-alliance/dpa/J.C.Bott

Истражителот на Светската антидопинг агенција (ВАДА) Ричард Мекларен овој месец објави извештај со детални докази за систематски допинг, по што Меѓународниот олимписки комитет започна дисциплински постапки против десетици руски спортисти.

Промената на ставот на Москва по прашањето за допинг е можеби мотивирана, според оценката на „Њујорк Тајмс“, од желбата да се постигне помирување со светските спортски организации кои бараат Русија да ги признае резултатите на неодамнешните истраги за повторно да може да извршува допинг тестови и повторно да биде домаќин на олиписките и други светски натпреварувања.