Талибанците се надеваат на Кина и Новиот пат на свилата
2 септември 2021„Кина е нашиот најважен партнер и претставува фундаментална и извонредна можност за нас, затоа што е подготвена да инвестира и да ја обнови нашата земја“, вели Муџахид за италијанскиот весник Република.
Тој додава дека Новиот пат на свилата- инфраструктурна иницијатива со која Кина сака да го зголеми своето глобално влијание со отворање трговски рути- се смета за многу важна меѓу талибанците.
Откако талибанците ја презедоа контролата врз државата, а западните трупи си заминаа од земјата, западните држави значително ја ограничија исплатата на помош за земјата. Со помош на Кина, талибанците ќе се борат за економско опоравување, вели портпаролот.
Авганистан има „богати рудници на бакар, кои, благодарение на Кинезите, можат да се вратат во погон и модернизираат. Дополнително, Кина е нашиот пасош за пазарите низ целиот свет“.
Муџахид потврди дека на жените ќе им биде дозволено да продолжат да студираат на универзитетите во иднина. Тој тврди дека жените ќе можат да работат како медицински сестри, во полицијата, или како секретарки во министерствата, но нема да можат да бидат министерки.