1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп призна „големи проблеми“ во кампањата

СН/ап/афп/ртр12 август 2016

Расположението е лошо, популарноста во анкетите опаѓа. Претседателскиот кандидат Доналд Трамп и натаму планира да се држи до неговиот провокативен курс. Дури и ако тоа наскоро би можело да значи „многу долг одмор“.

https://p.dw.com/p/1Jh55
Фотографија: Getty Images/G.Frey

Раководството на американската Републиканска партија го мачат огромни грижи, бидејќи го губи мнозинството и во традиционално конзервативните сојузни држави во САД. Претседателскиот кандидат Доналд Трамп сега во сојузната држава Јута, инаку републиканско упориште призна дека има слабости во неговата кампања за Белата Куќа.

Редок момент на искажување на сомнежи од страна на мултимилионерот кој вообичаено настапува арогантно и самоуверено.

По успехот на партиските предизбори пратеничките избори на кои победи 16 ривали и стана кандидат на Републиканската партија за претседател на САД, Трамп сега се соочува со предизвици во момент кога кампањата се вжештува во пресрет на ноемвриските претседателските избори.

Трамп призна дека во кампањата има проблеми, предупредувајќи оти таа на крајот би можела да се заврши со неуспех.

Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека претседателската кандидатка на Демократската партија, Хилари Клинтон, води во однос на својот републикански ривал, а сѐ поголем број републиканци не сакаат да го поддржат сопствениот кандидат.

USA Donald Trump und Hillary Clinton als Figuren
Фотографија: DW/R. Spina

„Ќе победиме убедливо“, им порача Трамп на собраните на минатомесечната национална конвенција на Републиканската партија. Трамп, прашан што мисли за последните резултати од анкетата, рече дека ќе продолжи да го прави она што го правел досега. Американската политички експерти сметаат дека сепак Трамп полека отстапува од самоуверената реторика која можеше да се слушне на неговите партиски собири.

„На крајот или ќе успеам или ќе отидам на многу убав и долг одмор“, рече американскиот милијардер за телевизијата ЦНБЦ.

Големи предизвици

Републиканскиот кандидат за претседател на САД повторно предизвика контроверзии со изјавата дека би било „во ред“ на Американците осомничени за тероризам да им биде судено во затворот Гвантанамо.

Трамп во интервју за „Мајами хералд“, на прашањето дали би одобрил нови затворања во тој затвор ако биде избран за претседател, одговори дека сака да се осигура оти САД имаат „безбедно место“ каде ќе ги држат „радикалните исламистички терористи“.

Републиканскиот кандидат рече оти американскиот претседател Барак Обама ослободува „ужасни луѓе“ од затвор кои не би требале да бидат на слобода.

Предизвиците се особено впечатливи во сојузната држава Јута, која е традиционално републикански настроена. Голем број гласачи изразија скептицизам кон кандидатурата на Трамп, иако гувернерот на оваа држава, член на Републиканската партија, јавно го поддржа.

Трамп, во другите сојузни држави како што се Џорџија и Аризона, сепак има голема поддршка, а гласачите веруваат дека неговата огромна популарност ќе им донесе победа на републиканците, односно победа на Доналд Трамп против Хилари Клинтон.