1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Турбо-корона на Западен Балкан: За бакнежите и славјето

Томас Брај
22 јули 2020

Црна Гора од денеска одново прогласи епидемија на Ковид-19 на цела територија. Впрочем коронавирусот зема нов замав речиси насекаде на југоистокот на Европа. Кои се причините на наглото ширење на инфекцијата?

https://p.dw.com/p/3fgwK
Berlin Menschen feiern in einem Club
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Kembowski

Клубовите во европскиот центар на љубителите на „журки" на островот Паг би требало да се затворени. Но, минатиот викенд ситуацијата во светски познатиот Зрч беше поинаква. Додека шпанскиот остров Мајорка ги затвори своите главни центри за ноќни собири, во многу клубови во Хрватска се славеше. На многу места се туркаа и по 2.000 луѓе во раскалашено танцување. Маски и физичка дистанца беа тука туѓи поими.

Но можни нови жаришта на коронавирус не настанаа само овде. И во светски познатото поклоненичко одредиште Меѓугорје во БиХ секојдневно има маси верници. Ни тука нема маски, ни дистанца. Во босанскиот град Бихаќ со месеци во катастрофални хигиенски услови кампуваат 3.000 до 4.000 бегалци. Мнозинството се млади мажи од Авганистан и Пакистан, кои заглавиле овде зашто не смеат да ја преминат надворешната граница на ЕУ кон Хрватска. Тука делотворна заштита од Ковид-19 не игра никаква улога. Три примери за она што не функционира во балканските земји кога е во прашање сузбивање на коронавирусот, без оглед што ова проблематично однесување е само маргинално одговорно за растот на бројот на заразени.

Изборите поттикнаа ширење на короната?

Во секој случај, Србија на почетокот на неделава пријави 359 новозаразени во 24 часа и десет починати. Така е веќе со денови. За споредба, во десетпати поголемата Германија во истиот период имало 100 случаи помалку отколку во Србија.

Постојано нови рекорди се бележат и во Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Во Романија бројката заразени е трипати поголема отколку на средината на мај, кога беше прогласено укинување на карантинот.

Повеќе:

С. Македонија: Што ќе се случи кога Ковид-19 ќе „се сретне“ со сезонскиот грип?

Ограничување на движењето, само ако мора!

Ковид-19: Алармантна состојба во Србија

Бугарска верзија на „Нема правда, нема мир“

За драматичното заострување на кризата на Балкан може да им заблагодариме и на омилените шеми на однесување на населението. Во целиот регион бакнувањето при поздравувањето е традиционално раширено. А верниците и црквата не сакаат да се одречат ниту од бакнувањето икони. И вообичаеното делење причест на многубројни верници со исто лажиче бројни виролози ги фрла во очај. Заедничкото седење во кафулиња, ресторани и гостилници, слично како и во Италија или Шпанија, е исто така дел од културата.

Короната ја разбранува и политичката сцена во југоисточна Еропа. Во Србија, Хрватска и Северна Македонија беа организирани парламентарни избори без оглед на пандемијата. Со тоа, според толкувањето на експерти, ширењето на заразата доби замав. Очигледно владејачките партии инсистираа на избори за да не мора да доживеат пораз подоцна, поради очекуваните економски падови.

Црна Гора: Пауза во клинчот со црквата

Ширењето на инфекцијата го забрзуваат и масовни демонстрации како оние во Србија и во Бугарија. Илјадници луѓе во главните градови и во цела земја со денови првенствено протестираа против новите граничувања поради короната. Во суштина, стануваше збор за критика на владата и како во Србија, пред сѐ за критика против сѐмоќниот државен претседател Александар Вучиќ.

Во Црна Гора вирусот на владата ѝ овозможи здивнување во трајниот клинч со моќната православна црква. Црквата поради короната ги стопираше своите масовни демонстрации против новиот закон за верски заедници кој би можел да доведе до слабеење на влијанието на Српската православна црква.

Грција посебен случај

Посебно поглавје претставува Грција. Омилената туристичка дестинација брзо ги отвори границите, зашто туризмот е важна стопанска гранка. Но, заразата се носи првенствено од Србија, по што одделни туристи беа вратени дома. Илјадници луѓе стоеја пред спуштени гранични рампи, иако туристичките власти всушност ги повикаа гостите. И нема огромни турканици на бугарско-грчката граница на преминот Кулата- Promachonas само на викенд, зашто другите гранични премини се затворени.

Атина освен тоа изработи систем на електронско пријавување со кој туристите можат неколку дена однапред да го пријават своето доаѓање. Тие добиваат код, кој мора да го покажат на граница. Тој бирократски монструм вклучувајќи ја и здравствената контрола при влез во земјата, често не функционира и доведува илјадници туристи до очај.

Короната и корупцијата

Но, корона-кризата го става под лупа и еден од најголемите проблеми во регионот – раширената корупција. Така на пример е уапсен премиерот на Федерацијата на БиХ Фадил Новалиќ. Тој се доведува во врска со увоз на 100 итно потребни респиратори. Целосно неискусна фирма за извоз испорачала 80 целосно неупотребливи апарати на голема штета на државниот буџет. Во Србија никој не знае со кои пари и колку респиратори купил претседатеот Вучиќ, кој владее сѐ поавторитарно, се тврди дека тоа е државна тајна.

Колку парти-сцената во Хрватска да се чинеше наивна и немарна, во Србија се направени слични грешки како претходно во Италија. Без оглед на короната, во преполн стадион во Белград 20.000 навивачи ги бодреа своите идоли. Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, го организираше својот тениски турнир Адриа тур на домашен терен и во Хрватска пред полни трибини. Самиот тој се зарази со коронавирус, исто како и уште тројца тенисери. На видео-снимки може да се види како тенисерските ѕвезди во еден ноќен клуб раскалашено танцуваат голи до појас.

Новиот бран инфекции во балканските земји не може Западна Европа да ја остават рамнодушна. Владата на Австрија, земја во која живеат преку половина милион луѓе од Балкан, предупреди дека короната од нивните матични земји ќе се пренесе во алпската република. И во Германија многу работници во посебно погодената индустрија за месо во Северна Рајна Вестфалија („Тениес") и Долна Саксонија („Визенхоф" ) потекнуваат