1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Финансиската криза крие шанси за поинтензивна соработка

24 октомври 2008

Меѓународната финансиска криза, покрај сите опасности за светското стопанство, во себе носи и шанса за поинтензивна соработка меѓу државите - заклучија канцеларката Ангела Меркел и кинескиот премиер Вен Ѓијабао.

https://p.dw.com/p/FfoP
Ќе успеат ли вака да ги подредат финансиските пазари? Премиерите Вен Ѓијабао и Ангела Меркел пред почесната гарда во ПекингФотографија: picture-alliance/ dpa

„Треба да соработуваме за да ги надминеме тешките времиња“ - порача кинескиот премиер Вен Ѓијабао на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Пекинг. Меркел од своја страна нагласи: „Секако дека разговарав со кинескиот премиер и за меѓународната димензија и со радост можев да утврдам дека Кина е подготвена да се ангажира во меѓународниот процес. Се согласивме дека ни се потребни меѓународни правила на однесување за финансиските пазари.“

Неопходен нов светски финансиски поредок

Merkel in Peking
Вен Ѓијабао и Ангела Меркел во разговор со германски стопанственици во ПекингФотографија: AP

Обајцата државници апелираа по разговорите за координирана акција на меѓународната заедница за амортизирање на последиците од финансиската криза и за создавање нов светски поредок на финансиски план. На оваа задача и’ е посветен и самитот на Европа и Азија, што денеска почнува во Пекинг. На него највисоки претставници на 43 земји од ЕУ и од организацијата за економска соработка АСЕАН ќе разговараат за донесување заеднички мерки за надминување на актуелната криза на финансиската бранша, како и за регулатива што ќе спречи слични појави во иднина. Канцеларката Меркел на отворањето на самитот ќе одржи говор, во кој ќе го претстави германскиот план за новиот светски финансиски поредок. Предлозите од дводневниот самит во Пекинг треба да послужат како подготовка за првиот Светски финансиски самит што го свика американскиот претседател Џорџ Буш за 15. ноември во Вашингтон.

Дефинитивно нормализирање на билатералните односи

China Erdbeben Notunterkünfte
Шатори за погодените од катастрофалниот земјотрес на југот на КинаФотографија: AP

За време на посетата на Кина германската канцеларка се сретна и со претседателот Ху Ѓинтао, при што беше потврдено нормализирањето на билатералните односи по минатогодишната криза околу средбата на германската канцеларка со водачот на Тибетанците Далај Лама. Ху Ѓинтао на средбата во Пекинг се заблагодари за големата помош на Германија за погодените од катастрофалниот земјотрес на југот од Кина. „Германија е земјата која најмногу и’ помогна на Кина по катастрофата и верувам дека е тоа јасен израз на пријателството на германската влада и народот кон нашата земја“ - порача претседателот Ху Ѓинтао.

Меркел си остана доследна на ангажманот за човекови права

Dossier Europaparlament in Straßburg - 1
Не попуштија под притисокот од Пекинг: пратениците на Европскиот парламент му ја доделија наградата Сахаров на кинескиот дисидент Ху ЃиаФотографија: dpa

По средбата со Ху Ѓинтао Меркел разговараше и со претставници на кинеските борци за човекови права. Таа исто така јавно ја декларираше и поддршката за одлуката на Европскиот парламент да му ја додели наградата „Сахаров“ за ангажман во борбата за човекови права и слободи на затворениот кинески дисидент Ху Ѓиа.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема