Воден пустош по „Ајда“
3 септември 2021„Со жалење можам да известам дека досега најмалку 23 луѓе од Њу Џерси загинаа во бурата“, напиша гувернерот на оваа американска сојузна држава Фил Марфи утрината на Твитер. Повеќето од овие жртви беа заробени во нивните возила во налетот на водената стихија.
Њу Џерси, која граничи со сојузната држава Њујорк - како и Пенсилванија - беше погодена и од шест торнада, кои настанаа како последица на ураганот „Ајда“. Брзините на ветрот понекогаш достигнуваа и повеќе од 200 километри на час и предизвикуваа дополнителни пустош во веќе и онака во голема мерка уништениот регион.
Во метрополата Њујорк, исто така, имаше катастрофални поплави, поплавени метро станици и уништени куќи. Покрај тоа, според официјалните информации, повеќе од 20 смртни случаи се регистрирани во пошироката градска област на Њујорк.