Уништувачкото беснеење на „Ајда“
30 август 2021Ураганот „Ајда“ по пристигнувањето на копното на американската сојузна држава Луизијана предизвика огромни поплави и материјални штети. Снабдувањето со електричната енергија беше прекинато за речиси милион домаќинства поради штетите од силното невреме. Струја снема и во целиот Њу Орлеанс. Екстремно силниот ветер откорна бројни покриви во јужната американска метропола и ја промени насоката на водотекот на моќната река Мисисипи.
Гувернерот Џон Бел Едвардс предупреди дека вистинските размери на уништувањето во државата нема да бидат познати сѐ додека „Ајда“ не се повлече во североисточна насока и поради тоа не може да започнат ниту операции за спасување и расчистување на теренот.
Според властите, веќе се забележани и првите човечки жртви во налетот на ураганот. Едно лице загинало од паднато дрво, соопшти една општина во соседството на Њу Орлеанс.
Циклонот бавно се движеше преку копното на Луизијана во неделата навечер (по локално време) како силен ураган од трета од вкупно пет категории. Затоа, местата по должина на патеката на „Ајда“ долго време беа изложени на екстремни ветришта и обилни врнежи. Експертите, поради ова, стравуваат од огромни штети.