1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Холандското обвинителство ја истражува смртта на Праљак

БГ
30 ноември 2017

Хашкиот трибунал побара од властите во Холандија да ја преземат истрагата за смртта на воениот злосторник Слободан Праљак кој вчера се самоуби во судницата. Дали некој му асистирал на Праљак?

https://p.dw.com/p/2oWp8
Den Haag Kriegsverbrechertribunal Verurteilung Slobodan Praljak Gift
Фотографија: ICTY

Холандското Јавно обвинителство ќе ја истражува смртта на генералот на војската на Херцег-Босна Слободан Праљак. Истрагата ќе се фокусира на отровот кој Праљак го испи во судницата откако му беше потврдена пресудата од 20 години затвор за сторени воени злосторства во војната во БиХ. Клучното прашање е дали Праљак добил помош од надвор во набавката на супстанцата. Наскоро се очекуваат и резултати од аутопсијата. 

Повеќе на темата: 

Совршено инсценирано самоубиство на Праљак и трошка надеж 

Воениот злосторник Праљак почина откако испи отров во Хаг


„Во моментов истрагата е фокусирана на помош во самоубиство и нарушување на медицинскиот правилник“, соопшти холандското обвинителство. 

Самоубиство кое го шокираше светот

Откако судот ја отфрли неговата жалба, Праљак стана и ги изговори своите последни зборови: „Слободан Праљак не е воен злосторник. Со презир ја отфрлам вашата пресуда“. Потоа, испи течност од мало шишенце. Освен на Праљак, Трибуналот им ги потврди казните за воени злосторства на уште петмина политички и воени лидери на босанските Хрвати, и ги осуди на севкупно 111 години затвор.