Ши Џинпинг- еден одлучува за милијарди
21 март 2018Тоа беше едно од најдолгите годишни собранија на Народниот конгрес на Кина во последниве години. Повеќе од две недели, пратеници заседаваа во Пекинг. А агендата на теми беше долга.Така членовите на кинескиот на изглед законодавен дом кимнаа со главата, на пример, за најсеопфатната реструктуција на државниот апарат од години. Таа вклучува значително редуцирање на службите и министерствата во обид тие да станат посилни и поефикасни. Како бекграунд: бирократијата на Кина важи за една од најтромите во светот - и со милиони државни службеници за една од најголемите.
Фокусот на една личност
Во фокусот на заседанието на Народниот конгрес, меѓутоа без сомневање беше една личност: кинескиот претседател Ши Џинпинг. Тој треба да биде повеќе од задоволен со текот на изминатите две недели. Со историска одлука Народиот конгрес го укина досегашното ограничување на мандатот на кинескиот претседател од два мандати од пет години - со само два гласа против, три воздржани и еден неважечки глас. Така, Ши Џинпинг, теоретски во иднина може неограничено да владее.
Повеќе на темата:
-Националистички тонови од Кина
-Ниту еден глас против Ши Џинпинг
-Кина пред епохален чекор - неограничен мандат за Ши Џинпинг
Освен тоа „Размислувањата на Ши Џинпинг“ беа вклучени и во преамбулата на Уставот. Од нив произлегува дека Кинезите кои го критикуваат Ши Џинпинг во иднина би можеле да бидат обвинети за кршење на Уставот. А благодарение на формирањето на нова супер-комисија Ши исто така, добива една многу моќна алатка -меѓу другото и против потенцијалните противници. Таканаречената. „Национална надзорна комисија" во иднина треба да постапува против корупцијата и недостатокот на дисциплина - и тоа независно од судовите и обвинителството.
Најмоќниот човек во светот
Веќе сега набљудувачите стравуваат од кинески претседател, кој, поради ваквата неограничена моќ, би можел целосно да загуби врска со реалноста. Во секој случај, точно е дека во моментов недостасуваат бројните механизми за да се спречи таков развој, и оти развојот на повеќе од една милијарда луѓе во иднина решавачки ќе зависи од однесувањето на една личност. Дури и пред почетокот на годинешното заседание на Народниот конгрес, многумина го сметаа Ши Џинпинг за најмоќниот човек во светот. Овој статус тој сега дефинитивно си го обезбеди.