Шок во Берлин откако автомобил влета во група луѓе
8 јуни 2022„Шокирана сум од случајот во Шарлотенбург“, напиша сенаторката за внатрешни работи на Берлин, Ирис Шпрангер на Твитер. Таа изрази сочувство до семејствата на жртвите и соопшти дека се информира тековно за ситуацијата.
Во Берлин претпладнево автомобил влета во група пешаци, а потоа се заби во излог на продавница. Притоа загина едно лице, а има повеќемина повредени, од кои дел многу тешко. Портпарол на противпожарната служба соопшти дека пет лица се во животна опасност, а тројца се тешко повредени. Неколку лица се со лесни повреди.
Според наводи на полицијата, несреќата се случила околу 10:30 часот, во близина на познатата улица Кудам и црквата Кајзер Вилхелм. „Во моментов не знаеме дали се работи за намерен напад или за сообраќајна несреќа“, изјави полицискиот портпарол Тило Каблиц.
Кај црквата Кајзер Вилхелм во декември 2016 година атентатор влета во божиќен пазар. Притоа беа убиени 12 луѓе, а повредени над 70.*