1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмајер со критикa за САД, Кина и Русија

СН/агенции
15 февруари 2020

На почетокот на безбедносната конференција во Минхен, германскиот претседател ги обвини Вашингтон, Пекинг и Москва дека го својата политика го загрозуваат меѓународниот поредок.

https://p.dw.com/p/3XoZw
Deutschland München Sicherheitskonferenz MSC Bundespräsident Steinmeier
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/J. Meyer

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер ја критикуваше националната себичност на сегашната американска администрација, оценувајќи дека тоа допринело до повторен натпревар меѓу големите сили, поради што светот е помалку безбеден.„Нашиот главен сојузник САД под сегашната администрација ја одбива самата замисла за меѓународната заедница“, рече Штајнмајер во воведниот говор на годинешната Минхенска безбедносна конференција. Германскиот претседател рече дека земјите се повикуваат своите интереси да ги стават над другите, дури и на штета на соседите и партнерите. Штајнмајер алудираше на слоганот на американскиот претседател Доналд Трамп „Make America Great Again“ (Да се направи Америка повторно голема). 

„Без обѕири кон меѓународното право“

Штајнмајер пак ја обвини Русија за анексирање на Крим „без  обѕири кон меѓународното право“. „Тоа повторно го направи воено насилство и насилното менување на границите во политичка алатка на европскиот континент “. Резултатот е неизвесност и непредвидливост.

Deutschland München Sicherheitskonferenz MSC Bundespräsident Steinmeier
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер на отворањето на Минхенската безбедносна конференцијаФотографија: picture-alliance/dpa/S. Hoppe

Кина, пак, преку нејзиниот подем,стана важен играч во меѓународните институции, истакна Штајнмајер дополнувајќи:  „Во исто време, таа само селективно го прифаќа меѓународно право онаму каде што тоа не се спротивставува на нејзините сопствени интереси“. Акциите на Кина во Јужното кинеско море ги вознемируваат соседите на регионот. „Нејзините постапки против малцинствата во сопствената земја нè вознемируваат сите нас“, рече германскиот претседател мислејќи притоа на извештаите за масовно затворање на Ујгурите, муслиманско малцинство во Кина.

Повеќе:

-Минхенска безбедносна конференција: Западот на пресвртница

-Србија-Косово:„Историски прогрес“

„Денеска сме сведоци на сѐ подеструктивната динамика во светска политика“, изјави германскиот претседател кој нема извршна власт, но се смета за глас на моралната совест во земјата.Според неговите зборови, секоја година светот се одалечува од целта на меѓународна соработка.„Замислата за натпревар меѓу светските сили ја оптоварува реалноста на целата планета“, додаде Штајнамајер, чија земја сѐ повеќе е загрижена поради различните американски мерки на повлекување, особено по доаѓањето на Трамп на власт.

Помпео ги отфрли критиките

Германија од крајот на Втората светска војна се потпира на американската војска по прашањето на безбедност.Трамп пак не запира да ја обвинува Германија, првата економска сила во Европа, дека не издвојува доволно пари за воениот сектор, сметајќи дека земјата се однесува како „паразит“ на американската војска.

Deutschland München Sicherheitskonferenz MSC Pompeo und Maas
Шефот на дипломатијата на САД, Мајк Помпео со својот германски колега Хајко Мас во МинхенФотографија: Reuters/M. Dalder

Американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео пак денеска на вториот ден од конференцијата во Минхен решително ги отфрли критиките на Штајнмаер. Тој истакна дека тврдењата на германскиот претседател за повлекување на САД од меѓународната заедница се претерани.

Во Минхен синоќа започна Безбедносната конференција во која учествуваат 35 шефови на држави или на влади, стотина министри за надворешни работи и одбрана и официјални лица од меѓународните организации.