1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што точно разговарал Трамп со Зеленски?

Марко Лангер
27 септември 2019

„Би сакал да ни направите услуга..." Американскиот претседател сака Украина да му направи услуга. По телефонскиот разговор на Трамп со Зеленски се поставуваат многу прашања, настрана од американската изборна кампања

https://p.dw.com/p/3QKmf
USA UN-Generalversammlung Donald Trump und Wolodymyr Selenskyj
Фотографија: Getty Images/AFP/S. Loeb

„Би сакал да ни направите услуга..." Американскиот претседател сака Украина да му направи услуга. По телефонскиот разговор на Трамп со Володимир Зеленски се поставуваат многу прашања, настрана од американската изборна кампања

Четврток е, 25. јули, 9:03 рано наутро во Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп се поврзува со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Неколку врати понастрана во т.н. „Соба за разни ситуации" во западното крило од Белата куќа седат соработници на владата кои прават протокол од разговорот. Стенограмот од телефонскиот разговор од 5 страници сега по директна наредба од претседателот беше објавен и отвора многу прашања. За некои има одговор.

Каде работел Хантер Бајден?

„The other thing, there's a lot of talk about Biden's Son” – „друга работа е дека има многу муабети за синот на Бајден”, со таквата божем попатно нафрлена забелешка Трамп го почнува деликатниот дел од разговорот со украинскиот претседател. Во тој момент разговорт веќе траел неколку минути и сега наеднаш се отвора и друга тема, муабетите за синот на Бајден. Конкретно се мисли на тоа дека Хантер Бајден пролетта 2014 година станал член на Управвниот одбор на украинската фирма Бурисма Холдинг и не е прв Американец во менаџментот на концернот што се занима со производство на природен гас. Татко му, во тоа време потпретседател на САД, Џо Бајден, јавно морал да потврди дека не постои судир на интереси. Медиумите јавуваа дека Хантер Бајден заработува и до 50 илјади долари месечно за советодавните услуги. Непотврдени информации.
Не се работи воопшто за парите што ги земал Хантер. Во разговорот Трамп претходно споменува јавен обвинител кој „бил многу добар и потоа бил исклучен и тоа навистина не е фер", формулирал тој. Се работи за Виктор Шокин, кој водел истрага за корупција против фирмата Бурисма и со тоа можеби и против Хантер Бајден. Во април 2016 бил отпуштен од работа од страна на владата во Киев со образложение дека главниот обвинител не постапувал доволно решително против корупцијата. На настан на Советот за релации со странство, Бајден во лабав разговор кажал дека тој го барал отпуштањето на Шокин од работа. И Трамп посочува на тој момент „Бајден наоколу се фалеше дека го спречил подигањето обвинение. Ако може да погледнете што се случило, за мене тоа звучи страшно."

USA Joe Biden mit seinem Sohn Hunter in Peking
Синот и таткото: Хантер и Џо БајденФотографија: Getty Images/AFP/A. Wong

Како САД и` помогнале на Украина

Во стенограмот од разговорот не се споменуваат експлицитно бројки. Но, начинот на кој Трамп на неговиот бизнис партнер му посочува на помшта од САД, лесно може да се толкува како мал потсетник и закана. „Германија речиси ништо не прави за вас". Во моментот на разговорот САД не исплатуваше воена помош за Украина во висина од 400 милиони американски долари кои Конгресот веќе ги имаше одобрено. Тоа дури и политички помалку искусниот Зеленски сигурно го забележал.

Кој е свиркачот?

Не се знае кој е свиркачот што ја отвори темата. Она што е познато според зборовите на претседателката на Конгресот, Ненси Пелоси, е дека во септември генералниот директор на тајните служби се обратил до Конгресот. Мајкл Аткинсон споделил дека владата го спречувала да процесира жалба од еден свиркач. Аналитичари во Вашингтон и особено Демократите сметаат дека бриферот кого медиумите го опишуваат како „соработник на тајните служби", има уште повеќе информации за можно погрешно постапување на американскиот претседател. Дали се издадени државни тајни? Информантот може да биде само некој кој се наоѓал во просторијата каде се водат протоколите. Демократите сметаат на тоа дека свиркачот би имал исказ во импичмент процесот.

Дали претседателот помешал лични и владини интереси?

Тоа според она што досега се знае е прашање на интерпретација. Но, самата околност дека Трамп во разговорот ги споменува министерпт за правда Вилијам Бар и личниот адвокат Руди Џулијани дозволува заклучок за специјалното сфаќање на својата функција од страна на Трамп. „Руди е многу добро информиран што се случува и тој е многу способен. Ако може да разговарате со него би било супер", му вели Трамп на Зеленски. За појаснување: Џулијани нема државна функција, туку е личен адвокат на Трамп.

Зборувал ли Џулијани со Зеленски?

По се` што досега знаеме, не. Но, како што известува Вол стрит џурнал, поранешниот градоначалник на Њујорк во јуни во Париз се сретнал со претставник на јавното обвинителство на Украина. Подоцна по разговорот меѓу двајцата претседатели Џулијани бил во Мадрид каде се сретнал со Андреј Јермак, кој важи за еден од главните советници на украинскиот претседател. Кога Џулијани за прв пат беше прашан за темата Украина од страна на СиЕнЕн, најпрво отфрли се`, за потоа денови подоцна да признае дека ја замолил Украина да отпочне истрага во прашањето за Бајден. „Секако дека го сторив тоа." Дали Џулијани сакал да се стави и пред претседателот?

Повеќе: 

Трамп - прекршување на уставот или лов на вештерки?

Што се крие зад аферата Трамп против Бајден и притисокот врз Украина?

Што е со Хантер Бајден?

Хантер Бајден на почетокот на јули за Њујорк тајмс изјави дека татко му само еден единствен пат го прашал за Украина. „Татко ми рече, се надевам знаеш што правиш. А, јас му одговорив дека знам." Весникот пишува и за проблеми со дрога и алкохол на синот на потпретседателот, чијшто брат Бо Бајден во 2015 почина од тумор на мозокот. Според весникот, Хантер Бајден во мај 2019 година ја одбил понудата на украинската фирма да биде назначен за уште еден мандат во Управниот одбор. Насловот во Њујорк тајмс гласеше: „Дали Хантер Бајден може да ја уништи кампањата на татка си?" Првично текстот се појави под насловот „Татко и син".

USA Protkoll Telefonat Donald Trump und Wolodymyr Selenskyj
Стенограм од пет страници од телефонскиот разговор на Трамп и ЗеленскиФотографија: Getty Images/AFP/A. Caballero-Reynolds

Кој или што е Краудстрајк?

Концернот Бурисма во разговорот со Трамп и Зеленски не се споменува по име. Но, Трамп криптички формулира друга компанија, Краудстрајк. И тука е јасно дека Трамп бара информации од колегата во Украина. Тој буквално вели „нашата земја помина низ многу нешта, а Украина знае многу за тоа. Сакам да откриете што се случило во целата ситуација со Украина, споменавте Краудстрајк..."
Нејасно е дали недостигаат делови од записникот, дали биле извадени или изоставени. Зиддојче цајтунг јавува дека компанијата за сајбер безбедност со седиште во Калифорнија, Краудстрајк, „играла клучна улога во истрагата кој ги хакирал системите на Демократскиот изборен комитет во 2016 година". Трамп се сомнева дека главните се во Украина: „Претпоставувам имате некој од вашите богати луѓе…серверот велите, Украина го има", се цитира претседателот во протоколот.

Која е врската меѓу извештајот на Мулер и Украина?

Разговорот меѓу Трамп и Зеленски се случил на 25. јули 2019. Само еден ден претходно, на 24. јули специјалниот обвинител Роберт Ф. Милер пред Конгресот во Вашингтон даваше исказ, а тоа е истиот оној Милер кој ги истражуваше сите досегашни обвинувања против претседателот. Трамп во разговорот го споменува и настапот на Мулер кој општо беше оценет како победа на Трамп. „Сакам да ја истражите работата. Како што видовте, целата глупост заврши со слаба претстава на човекот по име Роберт Мулер, некомплетно претставување, но велите дека се` почнало со Украина."

Nancy Pelosi PK Washington Impeachment
Ненси Пелоси нема друг изборФотографија: picture-alliance/abaca

Зошто Демократите го сменија својот курс баш сега?

Лидерот на опозицијата Ненси Пелоси беше скептична за импичментот. Нејзината грижа е дека на крај на Трамп може повеќе да му користи отколку да му наштети. Но, интерниот притисок од Демократите изгледа сега е толку голем што претседателката на Конгресот мораше да попушти. Претседателот на правосудниот совет Џеролд Џери Надлер се обиде со испитувањето на Мулер да добие доволно материјал, но безуспешно. Откако се дозна за случајот со Украина, покрај многу сенатори и кандидатот за претседател Џо Бајден јавно го поддржа импичментот. Кога Пелоси би го игнорирала и неговиот став, би му наштетила на човекот од нејзините редови.

Кој степен од постапката за импичмент е достигнат актуелно?

Никогаш во историјата на САД претседател не бил симнат од власта преку импичмент. Ричард Никсон во 1974 не го ни сочека гласањето и самиот се повлече по Вотергејт аферата. Јасно е дека во Конгресот Демократите актуелно го имаат бараното мнозинство, но не и во Сенатот. Актуелно комплицираната постапка е дојдена до таму што Правниот совет мора најпрво да ги разгледа основите за импичмент, односно да ја констатира точната правна основа. Потоа поединечно ќе се гласа. Ако членовите на Конгресот мнозински дадат потврда за барем една од тие правни точки, тогаш импичментот и формално е влезен во процедура. Претседателот Трамп во тој случај ќе може по втор пат да зборува за „лов на вештерки”. Кампањата за избор на претседател во 2020 година сега доби своја тема.