Што треба да знаете за вакцините против Ковид19
17 ноември 2021Најголем број од граѓаните на Северна Македонија досега се вакцинираа со вакцината на Бајонтек/Фајзер, која е меѓу најчесто користените во западниот свет. Ова се нејзините карактеристики, како и на сите други вакцини кои се користат во земјата, согласно упатството на Министерството за здравство и Светската здравствена организација.
Бајонтек/Фајзер
- Тип на вакцина: мРНА вакцина која му дава инструкции на организмот за создавање на протеин карактеристичен за вирусот САРС-Ков2.
- Препорачана возраст: над 12 години.
- Потребни се 2 дози, втората доза се дава 21 ден по првата доза.
- Се дава мускулно во рамото.
- Ефикасност: клиничките студии покажаа висока ефикасност до 94% превенција од САРС-Ков2 инфекција, податоците од вакцинацијата ширум светот ја потврдуваат ефикасноста од клиничките студии.
- Безбедност: вакцината се покажа како безбедна откако повеќе од 40 илјади луѓе беа вклучени во клиничките тестирања.
- Најчести несакани ефекти – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Несаканите ефекти се почести по примање на втората доза.
- Оваа вакцина може да предизвика и алергиска реакција. Таа не треба да се дава на лица алергични на полиетилен гликол (PEG) или сродни молекули, бидејќи PEG е една од состојките.
- Несаканите ефекти се благи и краткотрајни и траат до два дена по примање на вакцината.
АстраЗенека
- Тип на вакцина: аденовирус како вектор кој носи гени за С протеинот на САРС-Ков2 вирусот.
- Препорачана возраст: над 18 години.
- Потребни се две дози, втората доза се дава од 4-12 недели по првата доза.
- Се дава мускулно во рамото.
- Ефикасност: во клиничките студии докажана е ефикасност од 63.09% за превенција на инфекција со САРС-Ков2. Резултатите од реалната пракса се охрабрувачки: само по првата доза 85% се намалува ризикот за хоспитализација или тешка форма на болеста.
- Безбедност: повеќе од 25 илјади луѓе беа вклучени во клиничките тестирања.
- Најчести несакани ефекти: болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакција.
- Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата.
Синофарм
- Тип на вакцина: Инактивиран САРС-Ков2 вирус.
- Препорачана за возраст над 18 години.
- Потребни се две дози, втората доза од 21-28 дена по првата доза.
- Ефикасност: 79% ефикасна против САРС-Ков2 инфекција, 79% ефикасна за превенција на тешка болест (податоци на СЗО).
- Се дава мускулно во рамо.
- Безбедност: Повеќе од една милијарда дози се дадени ширум светот.
- Најчести несакани ефекти: болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата.
Синовак
- Тип на вакцина: Инактивиран САРС-Ков2 вирус.
- Препорачана возраст: над 18 години.
- Потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза.
- Ефикасност: Над 50% во спречување на инфекција и тешка болест.
- Се дава мускулно во рамо
- Најчести несакани ефекти: болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, замор. Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата.
Спутник V
- Тип на вакцина: аденовирус како вектор кој носи гени за С протеинот на САРС-Ков2 вирусот.
- Препорачана на возраст: над 18 години.
- Потребни се 2 дози, втората доза 21 ден по првата доза.
- Се дава мускулно во рамото.
- Ефикасност: Официјално пријавената ефикасност на Спутник V против КОВИД-19 е 91,6%. Бројката се заснова на анализа на податоците на 19.866 волонтери, кои примиле и прва и втора доза на вакцината Спутник V.
- Безбедност: Клиничките студии покажаа висока ефикаснот од 92% превенција од САРС-Ков2 инфекција. Исто така, се смета дека е безбедна – и нуди целосна заштита од хоспитализација и смрт.
- Најчести несакани ефекти: Некои несакани ефекти од вакцината се очекувани, но тие се обично лесни, вклучувајќи болка во раката, замор и покачена телесна температура.