1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Хонгконг сѐ повеќе притиснат до ѕид

Франк Зирен
14 јуни 2019

Хонгконг без дилеми припаѓа на Кина. Сепак, да се екстрадираат луѓе од созреан англосаксонски правен систем во недовршениот кинески правен систем не е добра идеја, смета Франк Зирен.

https://p.dw.com/p/3KOhQ
Hong Kong - Demonstration gegen das Zulassen der Auslieferungen nach China
Фотографија: picture-alliance/AP PHoto/V. Yu

Беше тоа најголем масовен протест во изминатите 16 години, стотици илјади демонстранти излегоа викендов на улиците од Хонгконг. Во ноќта недела кон понеделник веќе беа употребени пендраци и спреј од бибер против демонстрантите. Барикадите беа разбиени. На двете страни имаше повредени. Ризична спирала на ескалацијата која потсетуваше на "чадор револуцијата" од 2014. Протестното движење тогаш бараше право на директни избори и 79 дена го држеше финансискиот и владин четврт во Хонгконг под опсада.

Созреан правен систем како силна страна

Овој пат се работи за планиран закон кој треба да го олесни испорачувањето на лица од Хонгконг во Кина. Демонстрантите страхуваат дека на тој начин ќе се отвори Пандорината кутија за правна произволност. Во тој случај и дисиденти би можеле полесно да бидат апсени и испорачани на кинеските власти, односно во земја во која правосудните органи не делауваат толку независно како на западот и во која постојано се добиваат изнудени признанија, пристапот до адвокат не секогаш е гарантиран и за разлика од Хонгконг каде и натаму има смртна казна. Силната страна на Хонгконг пак е што благодарение на Британците има еден од најсозреаните правни системи во Азија.

Hong Kong Demonstration gegen das Zulassen von Auslieferungen nach China
Фотографија: Reuters/T. Siu

Повеќе:

-Повторно солзавец и гумени куршуми против демонстрантите во Хонгконг

Премиерката на Хонгконг Кери Лам аргументира дека новиот закон опфаќал само тешки злодела со минимум казна од 7 години. Но, ни тоа не е јасно мерило во земја во која за 46 деликти е можна смртна казна. Ккао изгледа правното секојдневие се покажа на случајот Гуи Минхаи, шведски државјанин по потекло од Кина кој во 2015 од Тајланд беше одведен во Кина. Таму на телевизија се емитуваше видео признание од 51но годишниот бизнисмен кој беше критички настроен кон Кина и во кое вели дека "доброволно" се откажал од конзуларната заштита како шведски граѓанин. И други шефови на концерни во минатото биле апсени во Хонгконг заради корупција, иако по тамошно право властите немале основа за тоа.
Дилемата за Хонгконг е дали таквите лица се навистина корумпирани или криминални и таму се кријат од кинеските власти. Од друга страна во Кина не ги очекува фер процес во западна смисла. И затоа не е исправно да се испорачаат на тамошните власти.

Frank Sieren *PROVISORISCH*
Франк Зирен, автор на колумнатаФотографија: picture-alliance/dpa/M. Tirl

До сега се сметаше за силна страна на Хонгконг тоа што нема договор за екстрадиција на барани лица со Кина. Големиот реформатор Денг Ксиаопинг на тогашната британска премиерка Маргарет Тачер и даде збор дека британската колонија во 1997 година ќе биде вратена на Кина според принципот "Една земја, два система". Денг има гарантираше на британците дека Хонгконг 50 години ќе има статус на посебна економска зона која има посебен капиталистички развој со сопствена валута и независно судство. Пекинг пак денеска е на ставот дека Хонгконг е дел од Кина и ако луѓе направиле криминални дела во Кина, Хонгконг мора да ги испорача. Тоа според нив не било мешање во внатрешните работи на Хонгконг.

Страв од губење на автономијата

Многу жители на Хонгонг од различни општествени слоеви излегоа на улица бидејќи гледаат поинаку на нештата. Тоа што се во толку голем број е поради фактот дека многумина во Хонгконг стравуваат за автономијата. Ним не им е важен само законот за екстрадиција. Тие се на улица бидејќи се загрижени дека наскоро ќе им бидат скратени и слободата на медиуми и правото на слободен собир - според нив едни од клучните точки по кои нивниот град се разликува од било која друга метропола на кинеско тло.
Тоа што толку многу луѓе излегуваат на улица или како што на 4 јуни околу 180.000 луѓе излегоа на централниот плоштад и запалија свеќи во знак на сеќавање на жртвите од масакрот на Тјенанмен, до сега беше незамисливо на копното.
Многу луѓе во Хонгконг веруваат во моќта на протестите и дека со таков јавен притисок можат да постигнат успех и по враќањето на Хонгконг на Кина: во 2003 владата мораше да попушти по масовните демонстрации. Тогаш околу 500.000 луѓе излегоа да протестираат против Законот за сузбивање на нереди. Тогашната влада во Хонгконг си даде оставка, законот беше повлечен.
Но, во меѓувреме Кина е многу помоќна. Сепак мировни демонстрации може да се одвиваат непречено. Во меѓувреме е сосем неверојатно дека владата ќе се откаже од плановите. Ваквиот став само ќе го зголеми нездоволството во Хонгконг. Така Пекинг раѓа моќна опозиција.

Hongkong Gedenken an Massaker von Tiananmen in Peking 1989
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/K. Cheung

Нашиот колумнист Франк Зирен повеќе од 20 години живее во Пекинг.