Италија прва пречка за С. Македонија на патот кон Катар
26 ноември 2021Европскиот првак Италија ќе биде првата пречка за репрезентацијата на Северна Македонија на патот кон Светското првенство во Катар следната година. Македонската репрезентација беше извлечена во Групата Ц од плеј-офот, а доколку ја мине Италија, во финалето ќе ја очекува победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција. И првиот меч, и евентуалното финале, македонските репрезентативци ќе треба да го играат на гостински терен.
„Многу тешка жрепка за нас“, рече веднаш по извлекувањето селекторот на италијанската репрезентација Роберто Манчини.
„Северна Македонија е добар тим и доколку победиме ќе мораме да го играме финалето на гости против Турција или Португалија“, рече Манчини.
Првиот меч, нагости против Италија, македонските репрезентативци ќе го играат на 24 март, а евентуалното финале ќе се игра на 29 март.
Во Групата А, Шкотска ќе биде домаќин на Украина, додека Велс ќе ја пречека Австрија.
Во Групата Б, Русија се соочува со Полска, а Шведска ја пречекува Чешка.
Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември следната година.