1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руски војници на маневри во Белорусија.

Глеб Гаврик
21 август 2017

Подготовките за заедничката вежба на руската и белоруската војска се во полна пареа. Големината на вежбата ги загрижува набљудувачите. Дали е доведен во опасност суверенитетот на белоруската држава?

https://p.dw.com/p/2iYPa
Russland Militärübung
Фотографија: picture-alliance/dpa/A.Druginyn

Уште од средината на август, руски трупи стигнуваат во Белорусија заради учество на заеднички маневри. Во септември треба да се изведе заедничката вежба „Запад 2017". Според руски извори, во неа учествуваат 12.700 војници. Генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг учтиво ѝ се заблагодари на Москва за овие информации, но нагласи дека тие треба да се проверат.

Според Виенската спогодба од 2011. година за взаемна доверба и безбедност (таканаречен WD 11) на ОБСЕ во една воена вежба смеат да учествуваат најмногу 13.000 војници. Западните политичари и експерти предупедуваат дека Русија нема да се држи до ова правило во претстојните вежби. И не само тоа, опозицијата во Белорусија стравува дека руските трупи по овие вежби нема да си заминат дома, туку практично ќе ја држат Белорусија под окупација.

Соседите загрижени

Концентрацијата на трупите на западната граница на Русија и Белорусија ги загрижува и Украина, Полска и балтичките земји. Литванскиот министер за одбрана Раимундас Кароблис зборува за 100.000 војници со кои рускиот претседател Владимир Путин сака да „го тестира НАТО".

Маргарете Клајн од берлинската организација „Наука и политика" претпоставува дека оваа бројка може да се однесува на севкупниот број војници во вежбите, бидејќи „дел од нив се одвиваат во Белорусија, но исто така голем дел се и во Русија". Таа за Дојче Веле нагласува дека сега многу се шпекулира: „ Мора да почекаме да видиме што ќе се случува. Тешко е однапред да се каже колкав ќе биде бројот на војници," вели оваа експертка за Русија.

Russland Militärübung Helikopter
Хеликоптер за време на руско-белоруските воени маневри во 2013. годинаФотографија: picture-alliance/dpa/A.Druginyn

Сомнеж во вистинитоста на бројките

И познатиот руски експерт за воени прашања, Александар Голц укажува на тоа дека раководството на белоруската војска објавило дека оваа вежба ќе се случува на големо подрачје на полуостровот Кола на северниот дел кон руската граница со Финска, па сѐ до Калининград, руската енклава во ЕУ, сместена меѓу Полска и Литванија. Затоа нема да бидат мобилизирани само единици во Белорусија, туку и во самата Русија, вели Голц.

Што се однесува до бројот на војници, Кремљ е познат по свое толкување на фактите, вели овој експерт за Дојче Веле. „И во конфликтот во Донбас, Русија на свој начин го протолкува документот од Виена", вели Голц. Така и преместувањето на своите трупи кон Украина го претставуваше како дел од воена вежба, а Москва трврдеше дека нема да биде надмината границата од 13.000 војници.

Сѐ во рамките на дозволеното

Според медиумски информации, за воената вежба „Запад 2017" руското министерство за одбрана нарачало 4000 вагони за транспорт на единиците. Белорускиот воен експерт Александар Алесин нагласува дека за вежбите „Запад 2013" биле нарачани само 3000 вагони, иако тој верува дека овие вежби ќе се држат под границите пропишани со меѓународниот договор.

Тој вели дека според неговите пресметки, во модерната војска на секој војник му припаѓаат и до 30 тона опрема. „Тоа е просек, ако се смета и тежината на воените возила, оружјето, опремата, храна и слично, " објаснува овој екперт.

Militärübung Russland Wladimir Putin
Александар Лукашенко, Владимир Путин и рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, 2013. годинаФотографија: picture-alliance/dpa/A.Druginyn

Гаранција за независност?

Според Алесин, сценариото за „окупација на Белорусија" не е веројатно остварливо. „Окупација на единствената сојузничка земја до крај би ја поткопала довербата во Кремљ, дури и кај нејзините потенцијални партнери." Во таков случај и белорускиот претседател Лукашенко би го загубил кредибилитетот, не само во странство туку и пред домашната јавност. Таков развој на настаните никому не му е во интерес.

Алесин потсетува дека Русија уште во 2013 година во Белорусија сакаше да постави свои авионски бази, но Минск тоа го одби. И Александар Голц не верува дека Лукашенко ќе им дозволи на руските единици да останат во земјата и по завршувањето на вежбата. Додуша Лукашенко, цели дваесет години вешто зема пари од Русија и нагласува како Белорусија е „стратешки претходник" на Русија. „Но, кога се зборува за за руските воени упоришта во Белорусија, Лукашенко се врти за 180 степени. Интересно е дека Путин тоа мора да го голтне“, оценува овој експерт.