1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија „гори“ од жештини - како да се заштитите

ДТЗ
10 јули 2024

Метеоролозите и лекарите ги повикуваат граѓаните на внимателност во наредните денови, поради екстремно високите температури и почитување на четири основни правила со цел да се заштити здравјето.

https://p.dw.com/p/4i66i
горештини
Балканот „гори“ од високи температури - четири правила како да се заштититеФотографија: picture-alliance/dpa/Bildfunk/K.-J. Hildenbrand

Балканот „гори“ од високи температури коишто го зафатија изминативе денови. Топлотниот блан го вклучи алармот за заштита во регионот. Активирани се црвени или портокалови метео аларми кои предупредуваат на многу високи температури. Врвот на топлотниот бран во Хрватска е најавен за денеска (10.07). Во поголем дел од земјата ќе биде многу топло, а само три хрватски региони - Осиек, Карловац и Госпиќ - немаат издадено предупредување за екстремно високи температури. Во Босна и Херцеговина се очекува температурите да достигнат до 39 Целзиусови степени, а на сила е портокалово предупредување.

Слични се прогнозите и за Северна Македонија. Во наредните денови ќе биде сончево и многу топло, освен во недела, кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а на места ќе надминува 40 степени. Од четврток до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Метеоролозите и лекарите ги повикуваат граѓаните на внимателност во наредните денови и почитување на четири основни правила со цел да се заштити здравјето.  

високи температури
Топлотниот блан го вклучи алармот за заштита во регионот - активирани се црвени или портокалови метео аларми кои предупредуваат на многу високи температуриФотографија: picture-alliance/dpa/HMB Media/O. Mueller

Подгответе ја „здравствената торба“ 

Граѓаните со себе да носат шише вода, да се разладуваат со вентилатори или клима уреди, да носат лесна, светла и комотна облека, да се тушираат со посвежа или млака вода кога чувствуваат дека им е топло, да се носи капа, шешир или чадор за заштита, доволно да се спие, да се јаде овошје и салати, да се избегнуваат алкохол, кафе, чај, како и топла, зачинета и солена храна што може да дехидрира. Ова се дел од препораките на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по топлотниот бран кој ја зафати земјата.  

Со оглед на тоа дека е време на одмори и патувања, од ИЈЗ препорачуваат граѓаните да се информираат за општата здравствена состојба, заразните заболувањa и потенцијалните ризици по здравјето во подрачјето каде се планира да се патува.

„Најмалку еден месец пред да заминете на планираното патување проверете ги препораките за профилактична терапија - на пример лекови за маларија и-или вакцинација - на пример против жолта треска, во подрачјето во кое планирате да патувате. Осигурајте се дека сте ги примиле вашите рутински вакцини, особено бидете во тек со вакциналниот статус на децата со кои патувате. Доколку имате потреба од дополнителни сознанија, консултирајте го вашиот избран лекар или надлежниот Центар за јавно здравје“, велат од ИЈЗ.

Тие ги советуваат граѓаните да ја подготват нивната „здравствена торба“, која ќе содржи сет за прва помош, лекови за хронична терапија, доколку има, антипиретици, аналгетици, лекови за гастроинтестинални проблеми и сè што мислат дека можеби е тешко да се најде во дестинацијата каде што патуваат. Задолжително да се понесат и средства за заштита од инсекти, крем за сончање со заштитен УВ-фактор над 30, алкохолни дезинфекциони средства и здравствената книшка.

Животните се разладуваат со сладолед и лубеница

Четири основни правила 

Од ИЈЗ нагласуваат дека доколку се следат четири правила, може да се намали веројатноста од инфекција.

„Користете репеленти - средства што одбиваат комарци, за тропски области, на пример на база на DEET 30 - 50% или icardine, на непокриените делови на кожата од телото, избегнувајќи ги слузниците - очи, нос, уста - дење и ноќе, внатре и на отворено. Користете ги строго според упатствата на производот. Запомнете: репелентот треба да го нанесувате доволно често во зависност од потењето и изложеноста на вода“, советуваат од ИЈЗ. Бремени жени, доилки и деца постари од два месеца не треба да користат репеленти на база на DEET или icardine.

Второто правило е носење соодветни облека и обувки за време на патувањето. Облеката треба да биде во светла боја, со долги ракави и ногавици, а секогаш кога е можно да се носат чорапи и чевли за да биде покриен што поголем дел од површината на телото. 

горештини
Граѓаните со себе да носат шише вода, да се разладуваат со вентилатори или клима уреди, да носат лесна, светла и комотна облека и да се тушираат со посвежа или млака вода кога чувствуваат дека им е топлоФотографија: picture alliance/AP Photo/P. Giannakouris

Трето правило е да се користат заштитни мрежи, или граѓаните да одмораат во климатизирани простории. „Доколку спиете на отворено или во простории заштитени од комарци, задолжително спијте под заштитна мреза за спиење, натопена со инсектициди“, препорачуваат од ИЈЗ.

Комарците касаат дење и ноќе, на отворено и на затворено. Комарците кои ги пренесуваат инфекциите со зика, денга и чикунгуња се најактивни во текот на денот и во самрак, а комарците кои пренесуваат маларија се најактивни во приквечерие и навечер.

Доколку граѓаните се разболат, треба да побараат медицинска помош. „Ако за време на патувањето развиете треска - 38°С и повеќе, или други симптоми, побарајте медицинска помош. Маларијата и другите тропски болести можат да бидат сериозни и треба веднаш да се лекуваат. Останете безбедни за време на активности на вода. Ако вашите летни патувања вклучуваат активности на вода, бидете внимателни кога пливате, пловете или нуркате, особено во земјите каде што службите за итни случаи можеби не се брзо достапни или нема спасувачи. Избегнувајте пливање во реки. Инфекциите како што се шистозомијаза и лептоспироза се пренесуваат со контакт со слатка вода“, порачуваат од ИЈЗ.  

Уште едно скопско изгор лето