1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
МиграцијаСоединети Американски Држави

Пентагон испраќа 1500 војници на границата кон Мексико

СН/агенции
23 јануари 2025

Доналд Трамп веднаш по преземањето на функцијата прогласи вонредна состојба на јужната граница на САД. Сега, според извештаите на медиумите, таму треба да бидат распоредени стотици нови американски војници.

https://p.dw.com/p/4pUzN
Повеќе американски безбедносни сили ќе ја обезбедуваат границата кон Мексико
Повеќе американски безбедносни сили ќе ја обезбедуваат границата кон МексикоФотографија: Herika Martinez/AFP/Getty Images

Министерството за одбрана на САД планира да испрати до 1.500 активни војници за да помогне во обезбедувањето на јужната граница меѓу САД и Мексико. Американските власти го потврдија ова во средата, за новинската агенција Асошиејтед Прес. Оваа мерка е дел од спроведувањето на плановите иницирани од претседателот Доналд Трамп веднаш по преземањето на функцијата преку извршни наредби насочени кон зајакнување на контролата на илегалното доселување

Распоредувањето на овие војници се очекува да започне во наредните денови. Официјалните лица не дадоа дополнителни детали за специфичните должности на војниците или точното време на распоредувањето.

Војниците ќе им се придружат на речиси 2.500  припадници на Националната гарда и резервисти кои веќе се стационирани на јужната граница со Мексико .

По инаугурацијата Трамп прогласи национална вонредна состојба на јужната граница
По инаугурацијата, Трамп прогласи национална вонредна состојба на јужната границаФотографија: Carlos Barria/REUTERS

Оваа одлука се вклопува во пошироката стратегија на администрацијата на Трамп за зголемување на граничната безбедност и построго регулирање на имиграцијата. Распоредувањето на активни војници претставува проширување на претседателските извршни наредби што беа издадени набргу откако Трамп ја презеде функцијата за да ги заостри политиките за имиграција.

По инаугурацијата во понеделникот, Трамп, имено, прогласи национална вонредна состојба на јужната граница и му даде на Министерството за одбрана овластување да испрати дополнителни војници во координација со Министерството за национална безбедност. 

Одлуката на Пентагон доаѓа во време на интензивна дебата за имиграциската политика и безбедноста на границите во САД. Распоредувањето на војниците е една од неколкуте мерки што се преземаат за справување со овие сложени предизвици.