1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Трамп влегува со победа во „Супер вторникот“

ЕМФ | Тагесшау
5 март 2024

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи на прелиминарните избори кај Републиканците во американската сојузна држава Северна Дакота. Со тоа добива ветер во грбот пред денешниот „Супер вторник“.

https://p.dw.com/p/4dAR4
Доналд Трамп
Доналд Трамп победи на прелиминарните републикански избори во Северна ДакотаФотографија: Alon Skuy/AFP/Getty Images

Доналд Трамп постигна уште една победа во трката за републиканска номинација за претседателските избори во САД. Тој вчеравечер (4.03) ја победи својата внатрепартиска ривалка Ники Хејли на прелиминарните избори во Северна Дакота.

Руралната сојузна американска држава е конзервативна и има околу 775.000 жители. Но, Северна Дакота нема посебно значење во трката за кандидатура. Таа има само 29 од 2.429 делегатски гласови. Сепак, победата на Трамп значи продолжување на неговата победничка серија, која накратко беше прекината минатата недела со првата победа на Хејли на прелиминарните избори. Таа имено победи во Вашингтон, кој е се смета за упориште на противниците на Доналд Трамп. Инаку, Трамп и натаму важи за јасен фаворит во трката за претседателска номинација на партијата, која сега прерасна во дуел со Хејли.

Прелиминарна одлука на „Супер вторник“?

Вечерва по средноевропско време би можело да има прелиминарна одлука. На таканаречениот „Супер вторник“ во САД, Републиканците и Демократите ќе одржат прелиминарни избори во повеќе од десет сојузни држави, вклучително и Алабама, Калифорнија, Колорадо, Минесота, Северна Каролина, Тексас и Вирџинија. Таму ќе се гласа за тоа кој од кандидатите од двете партии треба да влезе во трката за претседателските избори на почетокот на ноември. Кандидатите потоа официјално се избираат на партиските конгреси што ќе се одржат налето. Кај Демократите, актуелниот претседател Џо Бајден се смета за фактички сигурен кандидат. Во моментов сѐ укажува на тоа дека на изборите во ноември најверојатно повторно ќе се борат Бајден и Трамп.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема