Асад сака Трамп да му биде сојузник
16 ноември 2016Сирискиот властродржец, кој е мета на критики на Западот, се надева дека ќе го придобие за свој потенцијален сојузник идниот американски претседател Доналд Трамп во борбата против тероризмот. Предуслов би бил Трамп да ги совлада спротивните струења во американската влада, изјави Асад за португалската телевизија РТП. Трамп во текот на изборната кампања навести дека политиката на САД кон Сирија во иднина нема во толкава мерка да биде насочена против сирискиот режим. „Ние немаме преголеми очекувања, зашто американската влада не ја сочинува само претседателот“, изјави Асад веднаш по изборот на Трамп.
Најавите на Доналд Трамп за жестока пресметка со терористичката милиција Исламска држава се многу ветувачки, но дали тој може тоа и да го оствари?“ праша Асад. Тој истакна - Сирија, заедно со Русија, Иран и многу други земји ќе биде „природен сојузник“ на Трамп „доколку тој тргне во уништување на терористите.“ Администрацијата на американскиот претседател во заминување Барак Обама има решителен одбивачки став кон режимот на Асад. Во една ТВ-дебата Трамп додуша изјави дека не го сака Асад, но се огради: „Но, Асад ги убива џихадистите од ИД. Русија ги убива, исто така и Иран.“ Истовремено тој повеќепати ја критикуваше американската поддршка на бунтовниците, за кои неговата земја „фрла милиони“. Трамп планира подобри односи и со сирискиот сојузник Русија.