1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стратегијата за одбрана на Трамп изобилува со трикови

Александра фон Намен
5 декември 2019

Републиканците цврсто држат до американскиот претседател. Додека тој на самитот на НАТО како и вообичаено се однесуваше нелогично, неговите адвокати во Вашингтон се во офанзива.

https://p.dw.com/p/3UHEt
USA Impeachment | Haus-Justizausschuss hält Anhörung mit Rechtsprofessoren ab
Фотографија: picture-alliance/newscom/M. Theiler

„Подгответе се за циркус!" – насловот на порталот „Политико" точно ја сумира ситуацијата. Сослушувањето во Комисијата за правда на американскиот Конгрес минатава среда брзо стана делумно хаотичен политички театар. Додека правни експерти се „натегаа” околу тоа дали она што му се префрла на Доналд Трамп е доволно за да оправда постапка за импичмент, Републиканците се обидуваа со постојано нови барања да го попречуваат дневниот ред и да ја кочат постапката.
„Немало возвратна услуга ", вели Џим Џордан, пратеник од редовите на Републиканците од Охајо. Постапката била грозна и нездрава. Дека се работи за мамење, напаѓа водечкиот Републиканец во Комисијата Даг Колинс: „Стигнавме до импичмент, но не е издржана работа. Чисто губење време!" Пораката е јасна: Републиканците цврсто држат до својот претседател и во постапката гледаат само обид на Демократите да се анулира изборната победа на Трамп.

Како во мафијашки филм

Изгледа дека нема разлика тоа што Трамп во украинската афера се однесувал како шеф на мафијата во холивудски филм: американскот претседател „замолува” претседател на странска држава чија земја е во војна и ситуација на нужда за една „услуга" за поддршка против политички ривал во американското преизборие, додека истовремено замрзнува воена помош од милијарди долари за загрозената земја и посакуваната покана за посета во Белата куќа постојано ја одолговлекува. 
Демократите може колку сакаат да апелираат до Републиканците да мислат на Уставот, на последиците за демократијата и на судот од идните генерации, но дефанзивата на „грандиозната стара партија" нималку не се рони. Од страв од апсолутната лојалност на базата на Трамп, од страв дека ќе и наштетат на сопствената кариера, од страв дека на Демократите во предизборната кампања ќе им дадат дополнителни аргументи, претставниците на републиканскиот естаблишмент и натаму стојат зад претседателот.

Лојалноста како врвна вредност

Тоа дека стравот е патот до темната страна на моќта, веќе не учеше мајсторот Јода. А, тоа дека Републиканската партија која на времето спровела укинување на ропството и во 60-те години го поддржала граѓанското движење, веќе подолго време страда од криза на идентитетот е исто така документирано. Но, постапката за импичмент јасно вади на виделина колку партијата му е верна на Трамп.

USA Impeachment | Haus-Justizausschuss hält Anhörung mit Rechtsprofessoren ab
Фотографија: picture-alliance/newscom/M. Theiler

Повеќе:

-Трамп е скандалозен – но, кому му е грижа?

-Што ќе донесе бесконечното сослушување за импичмент на Трамп?

-Сослушувања за украинската афера на Трамп - политичка драма во живо


Традиционално конзервативните како сенаторите Џеф Флејк или Боб Коркер заради критичкиот став кон Доналд Трамп мораа да се повлечат и веќе не се дел од Конгресот. Политичари кои некогаш важеле за независни како Линдзи Греам сега веќе дејствуваат како сенка на претседателот. И оној кој и натаму се осмелува да го критикува Трамп мора да смета со возвратни напади, како на пример републиканскиот сенатор Мит Ромни кој однесувањето на Трамп во украинската афера го оцени како погрешно и застрашувачко и за тоа од страна на претседателот беше оквалификуван како „надуен серко".

Отпор со задршки

Само во надворешната политика Републиканците се осмелуваат да му се спротистават понекогаш на самопрогласениот гениј во Белата куќа. На почетокот на годината Сенатот, во кој мнозинството го држат Републиканците, гласаше против плановите на претседателот да ги повлече војниците од Авганистан и Сирија. Кон средината на март годинава сенаторите гласаа против натамошна финансиска поддршка за воениот ангажман на Саудиска Арабија во Јемен.
Всушност ова би требало да се повтори и во аферата со Украина бидејќи однесувањето им наштети на имиџот и на геостратешките интереси на САД. Освен тоа за Републиканците порано немало да се поставува прашањето на која страна се тие во конфликт во кој учествува и Русија. Но, сега се е поинаку. Републиканците изгледа веруваат дека надворешнополитичката димензија не ги интересира американските гласачи и дека секаква критика на Трамп би се сфатила како предавство на сопствените редови.

UK Nato-Gipfel
Трамп си замина незадоволен од Лондон откако се дозна дека другите лидери го исмевалеФотографија: picture-alliance/AP Photo/Yui Mok

Трамп останува Трамп

А, Доналд Трамп? Тој си продолжува по старите навики. На самитот на НАТО во Лондон им се закануваше на членки на Алијансата дека премалку трошат за одбраната. Тој рече дека ќе се справува со нив и сугерираше дека може да преземе економски казнени мерки. Нешто подоцна ја критикуваше Франција, како и други земји за планираното оданочување на американски фирми. Оти, како што вели Трамп, „ако веќе некој ги цеди американските фирми, тоа ќе бидеме ние".

На крајот отпатува, без да ја одржи планираната прес-конференција. Изгледаше налутен. Една камера сними како за време на самитот други претседатели на држави и влади се шегуваат на сметка на Трамп. Тоа е неподносливо за американскиот претседател кој сака да биде од сите почитувана и силна личност. Тогаш сепак повеќе му одговара да си биде дома во Америка каде на неговите критичари може да им возврати пред милионска публика додека неговите сопартијци постојано му велат дека тој е најдобриот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема