Раиси е победник на изборите во Иран
19 јуни 2021Ебрахим Раиси победи на претседателските избори во Иран. Тој освоил најмалку 17,8 милиони гласови од вкупно 28,6 милиони гласови кои се дадени на овие избори, соопшти Министерството за внатрешни работи на Иран.
Раиси треба да го наследи Хасан Рохани, кој по два мандата немаше право на повторна кандидатура. Инаугурацијата на новиот претседател е предвидена за август.
60-годишниотРаиси пред четири годинине успеа во трката со Рохани, но овојпат патот до претседателската функција му беше значително полесен. За тоа се погрижи и Советот на чуварите на револуцијата како изборно тело, кој ги исфрли од игра сериозните кандидати уште пред изборите. Тоа предизвика жестоки протести во сопствените редови и доведе до губење на интересот на граѓаните за изборите, кои се сметаат за инсценирани и недемократски.
Медиумите и експертите очекуваат промена на курсот по победата на Раиси. Тие се уверени дека ултраконзервативниот клерик нема да го продолжи умерениот курс на Рохани. Како долгодишен адвокат, судија и - од 2019 година - шеф на правосудството, тој има малку политичко искуство, а предизвиците кои го очекуваат се големи. На пример, треба да се донесе одлука за иднината на Атомскиот договор од 2015 година. По повлекувањето на САДод овој меѓународен договор, Техеран постепено ги укинуваше договорените ограничувања и контроли врз атомските постројки. САД воведоа санкциипротив Техеран, што предизвика тешка економска криза во Иран. За да продолжи Атомскиот договор неопходни се преговори со смртниот непријател САД. Порадикален курс на Иран се очекува и во блискоисточната политика.