1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Меркел бара мега-локдаун во Германија

ДТЗ /ДВ
14 јануари 2021

Германија забележа нов рекорден број на смртни случаи од коронавирус во четвртокот, поради што надлежните размислуваат за уште построи мерки за да се ограничи ширењето на вирусот.

https://p.dw.com/p/3nvX7
Deutschland Covid-19 | PK im Bundeskanzleramt Merkel
Фотографија: Bernd von Jutrczenka/dpa/picture alliance

Германија забележа нов рекорден број на смртни случаи од коронавирус во четвртокот, поради што надлежните размислуваат за уште построи мерки за да се ограничи ширењето на вирусот. Канцеларката Ангела Меркел побара „мега-локдаун“, објави тижарниот весник „Билд“. Тоа подразбира речиси целосно затворање на земјата поради страв од новиот сој на вирусот којшто беше откриен во Велика Британија, а се шири со огромна брзина. Таа разгледува мерки, меѓу кои и затворање на локалниот и на јавниот превоз на долги релации, иако за таквите чекори сè уште нема одлука, објави „Билд“.

-повеќе на темата: Како земји во ЕУ со добар имиџ, потфрлија во кризата со Ковид-19

Додека вкупниот број на смртни случаи во Германија по глава на жител од почетокот на пандемијата остана далеку понизок од статистиката во САД, дневниот просек на смртност по број на жители од средината на декември често ја надминува бројката во споредба со САД. Дневната стапка на починати од Ковид-19 во Германија во моментов е еднаква на околу 15 смртни случаи на милион луѓе, наспроти 13 смртни случаи во САД на еден милион. 
Институтот Роберт Кох (РКИ) денеска регистрира 25.164 новозаразени со коронавирус и 1.244 смртни случаи, со што вкупната бројка на починати од Ковид-19 во Германија од почетокот на пандемијата се искачи на 43.881. Германија првично се справуваше со пандемијата подобро од нејзините соседи со строгите мерки минатата пролет. Но, земјата се соочува со нагло зголемување на заразените и смртните случаи во последните месеци, бидејќи луѓето не го сфаќаат вирусот доволно сериозно. 
Претседателот на РКИ, Лотар Вилер, вели дека ограничувањата не биле спроведени толку доследно како што беа за време на првиот бран и дека повеќе луѓе треба да работат од дома, додавајќи дека сегашниот локдаун треба дополнително да се заостри. Германија воведе делумен локдаун во ноември со кој им беше дозволено на продавници и училиштата да работат, но ги заостри правилата во средината на декември. Беа затворени дел од продавниците, а децата не се вратија во училниците за време на божиќните празници. 

Themenbilder - Lockdown in Sachsen: Bautzen
Фотографија: Sabine Kinkartz/DW

-повеќе на темата: СЗО: Британската корона-мутација досега потврдена во 50 земји

„Болниците во 10 од 16 германски држави се соочија со наплив на пациенти, откако 85% од креветите на одделенијата за интензивна нега беа окупирани од пациенти со коронавирус“, рече Вилер. На состанок на регионалните лидери планиран за 25 јануари треба да се разговара дали да се продолжи локдаунот до февруари, рече Винфрид Кречман, премиерот на државата во Баден-Виртемберг. 
Меркел требаше да разговара со министрите за зголемување на производството на вакцини. Досега само околу 1% од германското население е вакцинирано, или 842.455 лица, објави РКИ.

-повеќе на темата: Поради ширење на мутираниот коронавирус – итна седница на СЗО

„Германија досега евидентирала 16 случаи на заболени со новиот вид на коронавирус кој беше откриен во Велика Британија и четири случаи со мутација на вирусот од Јужна Африка“, рече Вилер. Тој ги повика луѓето на кои им беше понудена вакцинација против Ковид-19 да го прифатат тоа. „На крајот на годината ќе ја имаме оваа пандемија под контрола", рече Вилер. Тогаш ќе има доволно вакцини да се имунизира целото население, рече тој. 

Како германски фирми профитираат од корона-вакцинацијата

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема