1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Луѓето во Саудиска Арабија стануваат се` похрабри

Керстен Книп
15 јануари 2020

Веќе речиси осум години саудискиот блогер Раиф Бадави е во затвор. Во декември стапи во нов штрајк со глад. Луѓето во Саудиска Арабија стануваат сѐ похрабри, вели за ДВ, неговата сопруга Енсар Хајдар

https://p.dw.com/p/3WAeW
Ensaf Haidar, Frau des Bloggers Raif Badawi
Фотографија: picture-alliance/R. Newald

Пишувањето го доведе до суд: откако во повеќе текстови ја критикуваше улогата на религијата во Саудиска Арабија, Раиф Бадави во 2013 година беше осуден на смрт. А потоа казната за младиот блогер беше преиначена на десет години затвор, 1000 удари со камшик и парична казна. Бадави пишуваше критички за вахабизмот, државна религија на Кралството, како и за моќта на верските старешини. Судот го нарече тоа „навредување на исламот“.

Пред 5 години, во јануари 2015 година, мораше да истрпи 50 удари со камшик. Продолжението на камшикувањето е одложено за понатаму. „Раиф е од нас одделен веќе 8 години“, вели во интервју за ДВ неговата сопруга Енсаф Хајдар која живее во егзил во Канада. „Ни' недостаува и на мене и на децата. Деновиве му е роденден. Тоа секогаш е тежок ден за нас. И покрај тоа, веруваме дека со срцето е близу до нас. Тоа ни' помага“. Хајдар додава оти и натаму се надева дека нејзиниот сопруг наскоро ќе му се придружи на семејството.Минатата година Бадави ја доби наградата „Гинтер Валраф“ за новинарска критика. Наградата во јуни, во отсуство на Бадави, ја прими неговата сопруга. Таа, инаку, и сама ја основаше наградата „Раиф Бадави“ која се доделува на новинарите кои пишуваат за повредите на човековите права во исламскиот свет.

Deutschland Protest vor der Botschaft von Saudi Arabien
Фотографија: Getty Images/AFP/T. Schwarz

Штрајк со глад против самоволието во правниот систем

Минатата година, Бадави на 11 декември започна штрајк со глад. Во тоа време се наоѓаше во самица, вели Енсаф Хајдар. Последниот пат со него можела да телефонира само една минута. Тоа што и натаму има сила да се бори за својот сопруг, вели Хајдар, е заслугата и солидарноста која постојано ја искажува во медиумите. Сето тоа охрабрува, вели таа,. Во едно соопштение издадено во почетокот на јануари и организацијата за човекови права Амнести интернешнал побара Бадави да биде веднаш и безусловно пуштен на слобода.

Повеќе:

-Наградата Сахаров врачена на сопругата на затворениот блогер

-Раиф Бадави ја доби наградата на ДВ за слобода на говор

-Сопругата на осудениот блогер моли за помош

Состојбата на човековите права во Саудиска Арабија не се подобри. Граѓанските права во дел се зајакнати. Така сега жените смеат да возат автомобил и да одат во странство без согласност од еден машки роднина. Но, репресијата над бранителите на човековите и граѓанските права во последните години се засили, како што пренесува организацијата за човекови права „Хјуманс рајтс воч“ (ХВР).

Ситуацијата влошена со Мохамед бин Салман

Според извештаите на „Хјуманс Рајтс Воч“, состојбата на човекови права од јуни 2017 година кога за престолонаследник е прогласен принцот Мохамед бин Салман - е влошена. Апсењето на мирољубиви критичари или активисти на човекови права и пред неговото именување беше вообичаено. „Она по што бранот апсења по 2017 година е поинаков се големиот број лица погодени со тие мерки и нови репресивни методи кои ги немаше за време на поранешното саудиско раководство“, пишува ХРВ.   И покрај репресијата, протестите во Саудиска Арабија се зголемија, вели Енсаф Хајдар. „Многу луѓе, кога станува збор за прашањето за човековите права или за жените, станаа похрабри и поактивни.“ И таа упати барање до владата да им овозможи на граѓаните поголеми права.Така, делувањето на Бадави сепак можеби не беше залудно. Но, токму поради тоа на неговата сопруга ѝ е уште потешко да ја разбере казната. „Сѐ што бараше Раиф - поголеми права за жените, отворање на кина и на театри - сега е реалност. Но, тој е во затвор. Тоа не можам да го разберам.“

Kronprinz von Saudi-Arabien Mohammad bin Salman
Фотографија: imago images/Future Image