1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија и Бугарија се борат за милијардите на Фолксваген

2 март 2019

Управниот одбор на германскиот гигант Фолксваген планира отворање на голема фабрика на „истокот на Европа“. Две земји се споменуваат како фаворити: Бугарија и Србија. Кој е во предност?

https://p.dw.com/p/3EKj1
Russland - VW-Werk in Kaluga
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gentsch

Најрано до крајот на април треба да биде одлучено дали „една странска компанија“ ќе инвестира во Србија, што би била „најголема, најважна и најмоќна“ инвестиција за целата земја. Овие изјави во неколку наврати ги повторува српскиот претседател Александар Вучиќ. Името на компанијата досега не го спомена, но на почетокот на февруари наведе дека „Србија во моментов е број еден во преговорите во однос на другите две земји, членки на ЕУ од централна и источна Европа“.

Дали се работи за германски Фолксваген? Управниот одбор на тој автомобилски гигант наскоро треба да донесе одлука за изградба на нова фабрика во која истовремено треба да се произведуваат повеќе брендови од семејството Фолксваген. За сето тоа веќе пишуваа и германските медиуми, иако штуро, споменувајќи дека се работи за „источна Европа“. Можеби Бугарија?

Одлуката не е донесена

Медиумите во Бугарија веќе подолго пишуваат за тоа, наведувајќи притоа уште некои, дополнителни детали: фабриката би требало да почне со работа во 2023 година, а би произведувала 300 илјади автомобили годишно- пет модели на Фолксваген, Шкода и Сеат. Првично, наводно, во игра биле Бугарија, Романија, Србија, Турција, а можеби и Северна Македонија, но во овој момент, фаворит е Бугарија.
На повеќе дописи од ДВ, од Фолксваген само одговорија дека „одлуката се уште не е донесена“ и дека ќе информираат за тоа кога ќе се официјализира. 

Installation neuer Roboter
Првичните информации се дека инвестицијата на Фолксваген ќе изнесува околу 1,4 милијарди евраФотографија: Volkswagen AG/Oliver Killig

„Би сакал тоа да се случи, но секако, Бугарија е во остра конкуренција со своите соседи“, вели за ДВ, Митко Василев, претседател на Германско-бугарската индустриско-трговска комора. И тој изнесува уште некои детали: се работи за инвестиција од 1,4 милијарди евра, ќе бидат вработени околу 5 илјади луѓе плус 650 инженер, и сето тоа на површина од 400 илјади квадратни метри. „Бугарија понуди две локации- зоната Кремиковци кај Софија и индустриската зона Раковски кај Пловдив“, вели Василев.

„Бугарија има предност“
„Бугарија има предност затоа што е членка на ЕУ, ситуацијата тука е мирна, а економските односи се одлични“, вели Василев. Трговијата меѓу Германија и Бугарија во 2018 година забележа раст од 10 проценти и изнесува 8,2 милијарди евра.
„Одлуката ќе биде донесена врз основа на збир на различни фактори, а не е без значење ни тоа каква помош ќе понуди државата за таа, за бугарски услови, гигантска инвестиција“, вели Василев  и дополнува дека земјата, сепак, ќе мора да води сметка за тоа дека нема да смее да ги крши правилата на ЕУ што се однесува до понудата на услови.
Србија, од друга страна, не е членка на ЕУ. „Тоа исто така треба да се земе предвид“, вели Василев. „Србија не е членка и можеби правилата за доделување на државна помош за неа нема да бидат толку строги. Србија исто така може да го искористи и фактот дека има договор за бесцаринска трговија со Русија, иако тој не се однесува на автомобили“.
„Но сите тие детали на крајот ќе бидат земени в предвид“, вели претседателот на Германско-Бугарската комора.

Deutsche Welle Bulgarische Redaktion Alexander Andreev
Александар Андреев Александар Андреев е долгогодишен новинар и раководител на бугарската редакција на Дојче Веле.
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема