1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Петтиот и прв

СН/ агенции
6 мај 2019

Стево Пендаровски ги добива првите честитки од странство, по победата во вчерашниот втор круг на гласање на претседателските избори.

https://p.dw.com/p/3HyQe
Nord-Mazedonien, Skopje: Präsidentschaftskandidat des amtierenden SDSM Stevo Pendarovski feiert nach vorläufigen Ergebnissen
Фотографија: Reuters/M. Djurica

Според неофицијалните резултати на ДИК по преброени 100 проценти од гласовите, кандидатот на владејачката коалиција победил со предност од околу 60 илјади гласови пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова. Пендаровски освоил 51,66  а Сиљановска-Давкова, 44,73 насто од гласовите. Излезноста на изборите изнесува 46,70 проценти.

Стево Пендаровски ќе биде петтиот македонски претседател по прогласувањето на независност и прв по промената на името на државата во Северна Македонија.

Повеќе:

-Пендаровски: Ќе им служам на сите, ќе обединувам, нема да делам!

-Сиљановска: Не се чувствувам поразена, туку наградена

-СДСМ говори за фер процес, опозицијата за „изборен инженеринг“

На адреса на новоизбраниот претседател веќе пристигнуваат бројни честитки од странство, меѓу другите од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, од еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, премиерот на Австрија Себастијан Курц, албанскиот претседател Илир Мета...