Комеморација за жртвите од геноцидот во Сребреница
11 јули 2024Комеморацијата по повод 29-годишнината од геноцидот во Сребреница се одржува во Поточари, во присуство на голем број домашни и меѓународни претставници. Претседателот на Управниот одбор на Меморијалниот центар во Сребреница, Хамдија Фејзиќ, изјави дека 29 години „политиката на прикривање и негирање на геноцидот ја спроведуваа оние сили кои го осмислиле и планирале геноцидот и кои со години им давале засолниште на осомничените и обвинетите за најтешките воени злосторства“.
Во Поточари денеска (11.07) ќе бидат погребани посмртните останки на уште 14 идентификувани жртви од Сребреница. Пред различни судови, за геноцид и воени злосторства во Сребреница се осудени повеќе од 50 лица, меѓу кои и поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ и некогашниот воен командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ.
Во 2007 година, Меѓународниот суд на правдата во Хаг донесе пресуда според која Војската на Република Српска во јули 1995 година извршила геноцид во Сребреница, која тогаш беше заштитена зона на Обединетите нации.
На 23 мај годинава, Генералното собрание на Обединетите нации усвои Резолуција со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница. Резолуцијата, меѓу другото, го осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на осудените за воени злосторства.
Генералното собрание на ОН на церемонија во Њујорк сака исто така да им оддаде почит на загинатите. Тоа го нарече масакрот во Сребреница „најтемното поглавје“ од босанската војна (1992-1995) и „најголемиот масакр во Европа по Холокаустот“.