1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Три деца меѓу жртвите во руски ракетен напад во Краматорск

ЖА / агенции
28 јуни 2023

По руски ракетен напад врз украинскиот град Краматорск во областа Доњецк, бројот на загинати во погоден ресторан се зголеми на најмалку осум лица.

https://p.dw.com/p/4T93h
Краматорск, Украина
Руски ракетен напад врз Краматорск, УкраинаФотографија: Oleksandr Ratushniak/REUTERS

Меѓу жртвите кои се извлечени од урнатините на погодениот локал се наоѓаат и три деца, соопштија краматорските власти денеска утрото. Две од децата биле родени во 2008 година,  а едното во 2011 година. Во нападот се ранети најмалку 56 луѓе.

Првичните информации, соопштени синоќа по ударот на ракетата, беа дека загинале 3 лица, а повеќе од 40 се повредени.

Краматорск  Украина
Меѓу жртвите на рускиот ракетен напад во Краматорск се три децаФотографија: Oleksandr Ratushniak/REUTERS

Спасувачките екипи морале претходно да ги расчистуваат урнатините во потрага по преживеани во ресторанот во центарот на градот.

Краматорск Украина
Тежок пристап на спасувачите до жртвите од рускиот ракетен напад врз ресторан во КраматорскФотографија: Narciso Contreras/AA/picture alliance

Украинскиот претседател Володимир Зеленски овој нов напад врз градот Краматорск во својата вечерна видео порака во вторникот најостро го осуди како уште едно воено злосторство.

„Ваквиот терор за нас и за целиот свет е уште еден доказ декаРусија за своите дела заслужува само едно: пораз и изведување пред судот на правдата.“

Претходно и украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко соопшти дека руската армија во два наврати во вторникот вечерта го ракетирала Краматорск и меѓу другото е погоден и еден ресторан.

Краматорск Украина
Нападите врз цивили како овој во Краматорск се доказ дека Русија треба да биде изведена пред Трибунал, изјави претседателот ЗеленскиФотографија: Oleksandr Ratushniak/REUTERS

Во агресорската војна која Русија веќе подолго од 16 месеци ја води против Украина, без оглед на официјалните тврдења од Москва, постојано се вршат напади со ракети и дронови врз украински станбени области, во кои чести жртви и повредени се цивили.